Павилјон Малта (турски: Malta Köşkü) — отомански павилјон кој се наоѓа во дворот на палатата Јилдиз, во Истанбул, Турција.

Павилјон Малта
Malta Köşkü
Павилјон Малта
Карта
Општи податоци
Стилбарок
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Почната19 век

Историја

уреди

Павилјонот Малта се состои од два спрата и бил изграден од страна на османлискиот султан Абдул Азис како ловна вила. Зградата била дизајнирана од архитектот Саркис Балјан во необарок стил во 1870 година. Кога султанот Абдулазис бил симнат од престолот во 1876 година, неговиот внук Мурат V (владеел 30 мај - 31 август, 1876) бил издигнат на престолот. Сепак, тој бил симнат од власта по само 93 дена со образложение дека е ментално болен и бил заменет со неговиот брат Абдул Хамид II, кој наредил Мурат да биде однесен во овој павилјон.

Зад овој павилјон се одржало и судењето на големиот везир Митхад-паша, кој за време на притворот бил мачен во подрумот. По основањето на Република Турција, павилјонот како и многу други османлиски комплекси останале неискористени и запустени подолг период. Во 1979 година Турската автомобилна асоцијација потпишала договор со истанбулските власти за зачувување на резиденцијата, по кое следувала реставрација на објектот и негово отворање во 1982 година. Денеска објектот се користи како ресторан.

Надворешни врски

уреди

41°03′04.68″N 29°00′57.24″E / 41.0513000° СГШ; 29.0159000° ИГД / 41.0513000; 29.0159000

  • Gülersoy, Çelik (1983). Yıldız Parc and Malta Pavilion. Istanbul: TTOK Yayınları.