Песјак

заб кај цицачите, сместен меѓу секачот и катникот
(Пренасочено од Очник)

Песјак, очник или кучешки заб (латински: dentes canini) – заб што се наоѓа меѓу секачите и катниците.[1] Песјаците се најважните заби на месојадите бидејќи им служат за прифаќање и распарчување на пленот, а кај змиите тие се и отровни заби (наменети како за фаќање на пленот, така и за одбрана). Името canini е изведено од латинскиот збор canis, што во превод значи куче. Кај човекот постојат четири песјаци, под два во горниот и долниот дентален лак и со класата на секачи ги сочинуваат т.н. предни заби (dentes anteriores s. Frontales). Песјаците често се нарекуваат и аголни заби бидејќи мезијалната половина на нивните вестибуларни површини им припаѓа на предните, а дисталната половин на страничните заби, овозможувајќи постепено прекршување и завртување на забните лакови.

Песјаци
Очници
Кучешки заби
Песјаци на куче
Лабијален и мезијален аспект на горниот, и вестибуларен аспект на долниот песјак
Податоци
Назнаки
Латинскиdentes canini
TAA05.1.03.005
FMAFMA:55636

Опис

уреди

На класата песјаци ѝ припаѓаат четири заба, сместени на трето место од медијалната линија во сите четири квадранти:

Во рамките на класата, песјаците се со сличен облик и функција. Масивен корен, добра алвеоларна подлога и богатство на проприорецептори во потпорните ткива ги прави овие заби исклучително значајни и во анатомски и во функционален поглед.

Песјаците се способни да издржат голем мастикаторен стрес и длуваат како „амортизери“, давајќи им поддршка на страничните заби во текот на џвакањето. Нивната основна улога е кинење и распарчување на храната, што е средина меѓу сечењето (карактеристично за секачите) и гнечење и мелење (карактеристично за страничните заби). Со својата лабијална површина ги потпираат аглите на усните, па придонесуваат и за физиономскиот изглед на лицето, а нивните орални површини со добро развиен цингулум имаат големо значење при латерално движење на мандибулата.

Во однос на изгледот, песјаците од проксимален аспект личат на секачите (бидејќи имаат сечивен гребен, цингулум и маргинални гребени), а од вестибуларен и орален, на преткатниците. Круната на горниот песјак е малку поширока и пократка од онаа на долниот, а и едните и другите покажуваат правилен знак на аголот и лакот. Коренот на овој заб е исклучително добро развиен и по широк вестибуло-орално, па е добро фиксиран во алвеоларната коска и песјакот често им служи како потпора на разни протетички помагала во устата на пациентот (протези, мостови и сл.).

Вестибуларните и оралните површини на песјаците имаат облик на петаголник, а бочните страни (мезијална и дистална) облик на триаголник со база во цервикалниот дел (слично на секачите)

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди