Охрид (село)
Охрид (бугарски: Охрид) — село во северозападна Бугарија, во општината Бојчиновци во Монтанската Област. Има население од околу 349 жители (2022).[1]
Охрид Охрид | |
---|---|
село | |
Местоположба на Охрид во Бугарија | |
Координати: 43°27′19″N 23°22′50″E / 43.455247° СГШ; 23.38048° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Монтана |
Општина | Бојчиновци |
Управа | |
• Градоначалник | Трифон Денков (Заедно за силна општина) |
Површина | |
• Вкупна | 25,104 км2 (9,693 ми2) |
Надм. вис. | 107 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 349 |
• Густина | 14/км2 (36/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3438 |
Повик. бр. | +359 09513 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 4 километри од железничката станица Бојчиновци на линијата Видин – Софија. Куќите му се наоѓаат на двата брега на реката Ботуња. Над селото се издига висината П’стрина.
Историја
уредиСпоред историчарите, во местото на селото имало живот уште во антиката. Во римско време низ него минувал главен пат од денешните Лом и Орјахово до Враца.
Во 1861 година во селото била изградена црквата „Свети Димитар“. По ослободувањето на Бугарија, селаните ја подигнале црквата која била вкопана во земјата и таа се надвивала над куќите со своите камени ѕидови. За да знаат кога се наближува празник, селаните нарачиле да им се одлее камбана дури во Грузија. Бронзеното „ѕвоно“ со брод по Дунав било доставено до пристаништето во Лом и оттаму со количка пристигнало во селото. Легендата вели дека камбаната всушност била одлеана за македонскиот град Охрид, но по грешка била испратена во селото Охрид. Тоа е побиено со тоа што на камбаната има лиен натпис „Село Охрид“.[2] Денес, грузинската камбана е само вреден експонат. Пред неколку години се пукна и беше симната. На нејзиното место е поставена нова камбана, нарачана од Емил Живков.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ "Кметът на Охрид отказа виното заради храм", вестник Труд, автор Любомир Любенов, 01.03.2019 г., посетен на 18 ноември 2023 г.
Надворешни врски
уредиОваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |