Осеновска Река

река во Пиринска Македонија

Осеновска Река (во горното течение: Раковица) — река во Горноџумајско (Општина Симитли), Пиринска Македонија, десна притока на Градевска Река. Долга е 19 км и одводнува делови од Југозападна Рила.[1]

Осеновска Река
Раковица
Местоположба
МестоГорноџумајско, Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоАрамлиски Кладенец, Југозападна Рила
 • координати41°58′31″N 23°21′47″E / 41.9753° СГШ; 23.3631° ИГД / 41.9753; 23.3631
 • надм. вис.2.269 м
Устие 
 • место
Градевска Река кај с. Градево, Општина Симитли
 • координати
41°55′49″N 23°12′52″E / 41.9303° СГШ; 23.2144° ИГД / 41.9303; 23.2144
 • надм. вис.
520 м
Должина19 км
Големина на сливот88 км2
Особености на сливот
ТечениеГрадевска РекаСтрумаЕгејско Море

Река извира под името Раковица од Арамлиски Кладенец, на надморска височина од 2.269 м во југозападниот дел на Рила. Тече во релативно широка и добро пошумена долина до северното подножје на врвот Моравица на запад и северозапад, а потоа свртува на југозапад и тече во тој правец сè до устието. Завршува како десна притока на Градевска Река од сливот на Струма, до поранешниот стопански двор на селото Градево.[1]

Сливот на реката зафаќа 88 км2, што претставува 34,78 % од вкупниот слив на Градевска Река. Главна притока е Топлица (лева). Осеновска Река се напојува од снег и дожд; најполноводна е во мај и јуни, а најслабоводна во август и септември. По течението на реката има само едно населено место — село Долно Осеново во Општина Симитли.[1]

Карта

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 349.