Освојување на Тбилиси и Ѓукче
| ||||||||||||||||||||||||
Освојувањето на Тбилиси и Ѓукче се случило во текот на 1616 година во времето на Отоманско-персиската војна (1603–1618)
Текот на војната
уредиОсвојувањето на Тбилиси и Ѓукче се случило во 1616 година кога бил освоен градот Тбилиси од страна на персискиот шах Абас I против грузиските војници. По освојувањето на Тбилиси, Абас I се соочил со османлиската војска. Битка се одржа во близина на езерото Ѓукче и резултирала со победа на Сефевидите.
Претходно во 1613 година персискиот шах го информирал Теимураз дека поради убиството на управителот на Карабах неговата земја Кахети ќе биде нападната. Тој побегнал во Грузија под закрила на Ахмед I со кое бил ставен крај на Договорот на Насух Паша. Во 1616 шахот Абас I ги испратил неговите трупи во Грузија но неговите војници биле поразени од силите на Тбилиси односно од граѓаните на градот. Абас наредил масакар кој резултирал со погубување на 6.000 граѓани а околу 100.000 Грузијци биле депортирани во Персија. Кога дознал за овој настан султанот Ахмед I наредил да биде испратена војска во Грузија, а на чело на армијата го назначил Мехмед Паша.
Во 1616 г. Османлиите пристигнале пред Алеп, а голем број на војници им се придружиле од Анадолија и делови од Ирак. Но кај езерото Ѓукче Османлиите доживеале голем пораз. Крајот на војната бил ставен со потпишување на договор во Серав на 26 септември 1618 г. Самиот Абас се согласил на потпишување на нов договор но наместо 59.000 килограми свила, тој требало да испорача 30.000 килограми свила на османлискиот султан а териториите стекнати со договорот на Насух Паша останале непроменети.