Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 1896

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 1896 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на САД, која освоила 11 златни медали, додека најмногу медали на игрите освоиле спортистите од Грција, 46, од кои 10 златни.

Во многу дисциплини немало натпреврувачи кои завршиле на третото место, па многу бронзени медлаи не билде доделени.[1][2]

Најуспешен спортист бил Германецот Карл Шуман, кој освоил 4 златни медали.

Список по земји

уреди
 
Медали од игрите

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД (1896) 11 7 2 20
2   Грција 10 17 19 46
3   Германија 6 5 2 13
4   Франција (1896) 5 4 2 11
5   Велика Британија (1896) 2 3 2 7
6   Унгарија 2 1 3 6
7   Австрија 2 1 2 5
8   Австралија 2 0 0 2
9   Данска (1896) 1 2 3 6
10   Швајцарија (1896) 1 2 0 3
11   Мешовита екипа (1896) 1 1 1 3
Вкупно 43 43 36 122

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. De Coubertin, Pierre; Timoleon J. Philemon, N.G. Politis and Charalambos Anninos (1897). The Olympic Games: BC 776–AD 1896 (PDF). The Olympic Games in 1896 - Second Part. Athens: Charles Beck. стр. 232–234.
  2. „Olympic Medal Winners“. International Olympic Committee. Посетено на 5 мај 2008.

Надворешни врски

уреди