Орлите летаат рано

Орлите рано летаат“ е роман за деца на српскиот писател Бранко Ќопиќ, објавен во 1959 година[1] Југословенскиот филм со исто име, кој го следи заплетот на книгата, е снимен во 1966 година.

Содржина

уреди

„Орлите рано летаат“ е роман во кој во првиот дел се раскажува за групата на Јованче (група од седум момчиња и едно девојче Луња) и нивните палавштини од детството, а вториот дел раскажува за почетокот на Втората светска војна.

Вовед

уреди

Главните ликови на романот се децата од четврто одделение во основното училиште во босанското село Липово, освен момчето Николица, кое е прво одделение во основното училиште. На почетокот на романот тие живеат среќен и безгрижен детски живот, додека во вториот дел одат во војна.

Прв дел

уреди

Дејствието започнува кога учителката Лана го напушта училиштето и оди во град а нејзиното место го зазема учител, кој е префрлен од блискиот град. Тој го добива прекарот „Пиперка“ бидејќи имал голем црвен нос од пијанство. Таа вест брзо се проширува и кога наставникот слушнал како го викаат децата, веднаш прашал кој е неговиот „кум“. Јованче (еден од главните ликови) храбро ја презема одговорноста врз себе, па учителот бара од Чичо да најде прачка. Тој се чувствува виновен затоа што Јованче ќе добие ќотек за неговото „дело“. Одеднаш, Јованче скока низ прозорецот, па учителот бара од децата да го бркаат, но тие избегале кон нивните куќи, а Јованче успешно избегал во шумичката Прокин Гај (темна шума обрасната со дрвја каде верувале дека живее гоблинот па луѓето не оделе таму).

Поради овој учител децата почнуваат да бегаат од училиште. Момчињата го направиле својот „логор“ во Прокиниот Гај и го нарекоа „тава“ (бидејќи има облик на тава). Таму бегаат од училиште и се дружат по цел ден. Подоцна, логорот го откриваат и девојчето Луња и полјакот Лијан.

Водач на групата е Јованче, а покрај него тука се и Лазар Мачорот, Чичо, Ѓоко Потрк, Ник Ќулибрк, Вањка Широкиот (Иван Поповиќ), Николче со приколката и девојчето Луња. Еден ден Лазар Мачорот и Јованче откриваат премин до подземна пештера. Учителот „Пиперка“ му се пожалил на кнезот дека децата не доаѓаат на училиште. Тие заедно со полјакот Лијан и родителите се организираат и го наоѓаат скривалиштето на децата. Благодарение на Николетина Бурсаќ децата сепак биле поштедени од казната. Селаните решаваат да го избркаат учителот „Пиперка“ и да ја вратат драгата учителка Лана.

Втор дел

уреди

Во вториот дел се зборува за почетокот на Втората светска војна. Момчињата кои до вчера играле стануваат активни учесници и сведоци на таа војна. Тие им помагаат на партизаните и им ја откриваат тајната пештера, заедно со борците учествуваат во одбраната на селото и стануваат партизански курири.

Вториот дел започнува на 6 април 1941 година т.е. на почетокот на Втората светска војна во Југославија. Во селото доаѓаат усташи и момчињата добиваат прилика да им го одземат оружјето и муницијата. Оружјето им го предаваат на партизаните кои веќе останале без муниција. Благодарение на ова оружје и муниција, партизаните победуваат и ги протеруваат окупаторите од селото.

На крајот, момчињата одат во војна со надеж дека ќе се вратат во шумичката Прокин Гај и нивниот камп Тепсија, а единствената вредност кои момчиња ги носат со себе се спомените од безгрижното детство.

Инспирација

уреди

Првиот дел од книгата е инспириран од вистински настани што се случиле за време на воспитувањето и школувањето на Ќопиќ. Неговата учителка била многу строга и понекогаш ги тепала немирните и лоши ученици, кои подоцна наместо на училиште оделе во шума, каде правеле камп. Наскоро се дознало за кампот, а вујкото на Бранко, Никола Ќопиќ, бил меѓу селаните кои ги фаќале избеганите ученици. Во вториот дел инспирацијата е извечена од војната и прераното растење на момчињата.

Ликови

уреди
  • Јованче - водач на дружината. Оштроумен, паметно ги проценува работите, а кон сите од својата дружина се однесува грижливо. Бил вистински џентлмен, а на девојчињата им се обраќал со мирен и тивок глас.
  • Чичо - вистинското име му е Стево, но го добил прекарок Чичо, бидејќи бил висок. Бил сираче, а братучед му е Николетина Бурсаќ. Умеел да разговара со животните. Луња ја игнорирал и ја избегнувал, иако таа го сакала.
  • Луња - единствено девојче во групата. Била ситна и ниска и потајно заљубена во Чичо. Се борела за рамноправност на девојчињата и потајно ги следела нашите јунаци.
  • Лазар Мачаорот - најдобриот мајстор во дружината. Прекарот Мачор го добил заоа што се движел како мачор.
  • Ѓоко Потрк - најбрзиот во дружината и исто така и најдобриот поет. Прекарот Потрк го добил затоа што сакал често да трча. Со трчање доаѓал на училиште, излегувал на табла, се враќал од училиште итн.
  • Ник Ќулибрк - вистинскот име му е Никола, но го викаат Ник затоа што така го вика татко му (кој некое време живеел во САД).
  • Вањка Широкиот - го добил прекарот затоа што е крупен. Имал руса коса.
  • Николче со приколката - дете од прво одделение кое доаѓа во дружината следејќи го Чичо. Прекарот го добил затоа што секаде одел со неговата верна кучка Жуја.
  • полјакот Лијан - на почетокот ги фаќа децата кога крадат овошје и зеленчук од туѓи бавчи, а за време на војната стапува во дружината на Јованче.
  • учител Пиперка - го добил прекарот Пиперка бидејќи имал црвен, голем нос и подуени образи од пијанство
  • учителката Лана - нежна учителка која им помагала на момчињата
  • Николетина Бурсаќ - возрасен човек кој се грижи за децата и ги штити од неволја.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Бранко Ћопић: Орлови рано лете“. Архивирано од изворникот на 9 април 2004. Посетено на 4 април 2018.