Орлите рано летаат (филм)

„Орлите рано летаат“ (српски: Орлови рано лете) — југословенски филм од 1966 година, во режија на Соја Јовановиќ. Улогите ги толкуваат: Миодраг Петровиќ Чкаља, Павле Јовановиќ, Павле Полачек, Драгутин Добричанин, Михајло Бата Паскаљевиќ Љубиша Самарџиќ итн.[1]

Синопсис

уреди

Децата од селата под планината Грмеч почнуваат да бегаат од училиштето поради теророт што го заведува учителот наречен Пиперка, зашто носот му е постојано црвен поради алкохолизмот. Прв кој бега е Јованче, кој подоцна станува арамбаша. По него, во Прокин Гај доаѓаат и други деца: Лазар Мачорот, мајстор за поправање сè и сешто, Ѓоко Потрк, поет со брзи нозе, и Долгоногиот Стрико, највисокото момче во дружината, во кого е заљубено девојчето Луња, а која тој упорно ја игнорира. Следејќи го Стрико, в дружината доаѓа и Николица со неговото куче Жолтко. Николица го остава кучето ноќе да го чува „логорот“, една стара напуштена воденица. И, на крајот, Ѓоко Потрк го доведува Нико Ќулибрк, чиј татко работел во Америка, како и Вањка Широкиот, чиј татко има руско потекло. Потоа, кнезот Ваљушка, селскиот поглавар организира потера по децата кои ги открива Лијан. Така, децата ги фаќаат, а нивниот логор е затворен. Во 1941 година започнува војната која детската игра ја претвора во сурова стварност. Стрикото му го спасува животот на неговиот брат Николетина Бурсаќ, а кога усташите ќе дојдат во Прокин Гај, децата, Луња, дедото Вук и Лијан бегаат во Мачкова пештера која одамна ја открил Лазар Мачорот, а која се наоѓа под воденицата. Луња низ другиот излез на пештерата оди до партизанскиот одред и го доводува во пештерата. Партизаните, предводени од Николетина, ги победуваат усташите, а децата сакаат да му се придружат на партизанскиот одред. На крајот, само Луња останува во Прокин Гај гледајќи како децата и Лијан заминуваат со партизаните.

Наводи

уреди