Ореи (митологија)
Ореи (грчки: Ούρος) се старогрчки исконски богови на планините. Ореи е групно име за сите богови и божици на планините, а ги родила Геја, мајката Земја. Тие се претставувани како брадести мажи кои ѕиркаат од врвовите на планините.
Десетте Ореи
уредиОреите ги родила партеногенезно самата Геја[1]. Во митовите ретко се персонифицира некоја поеднинечна планина, освен можеби Тмол, кој е и крал и планина во Лидија. Секоја планина си има свои локални нимфи и ореади. Десетте ореи се:
- Етна - вулканот на Сицилија. Него го претставува божица во која се вљубил Хефест. Таа му ги родила жешките извори. Под Етна се закопани некои од чудовиштата што ги родила Геја: Бријареј, зетот на Посејдон, Енкелад, непријателот на Атина и Тифон, чудовиштето со сто змиски глави на рамењата. На врвот на Етна живееле Хефест и Киклопите кои ги изработувале молњите за Зевс;
- Атос - планина во Тракија, со персонификација на машки бог;
- Хеликон - планина во Беотија, непријател на Китаирон;
- Китаирон - планина во Беотија, непријател на Хеликон;
- Нис - планина во Беотија. Името се поврзува со богот Дионис. Според митот, на таа планина е чуван и одгледуван младиот Дионис за да се заштити од Хера;
- Олимп (1)- најпознатата грчка планина, а и највисока во североисточна Грција, на граница меѓу областите Тесалија и Македонија. Таа е дом на боговите, именувана по очувот на Зевс, а на Крон му служела за престол;
- Олимп (2)- планина во Фригија;
- Ореј;
- Парн - планина во Атика;
- Тмол - планина персонифицирана со истоимениот шумски бог кој го надгледувал натпреварувањето меѓу Аполон и Пан. Аполон победила, а за победник го прогласил Тмол зашто се плашел од него.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Littleton, Scott and the Marshall Cavendish Corporation Gods, Goddesses, and Mythology, Volume 1. Marshall Cavendish, 2005. ISBN 978-0-7614-7559-0. pp. 1020, 1134
- Fitz Simon, James A., Vincent Alphonso Fitz Simon, The Gods of Old: and The Story That They Tell, T. Fisher Unwin, 1899. p. 27
- Hard, Robin, Herbert Jennings Rose, The Routledge Handbook of Greek Mythology: Based on H.J. Rose's "Handbook of Greek mythology", Routledge, 2004. ISBN 978-0-415-18636-0. p. 24