Ордан Михајлоски - Оцка

Ордан Михајлоски - Оцка (Прилеп, 1921 - Орехово, Битолско, 3 мај 1942) — македонски виолинист и партизан, учесник во НОВ.

Ордан Михајлоски - Оцка
Роден 23 септември 1921
Прилеп, Кралство СХС
(денес Македонија)
Починал 3 мај 1942(1942-05-03) (возр. 20)
Орехово, Битолско, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди
А бре Македонче, отсвирена на виолина

Михајловски е роден во Прилеп во 1921 година. Бил талентиран музичар и образуван виолинист. Како член на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ во времето на неговото формирање на 23 октомври 1941 година, учествувал во создавањето на песната и составувањето на музиката за химната на партизанското движење во Македонија А бре, Македонче.[1]

 
2 август 1954 година Пренос на посмртните останки на Ордан Михајлоски - Оцка на градските гробишта во Прилеп
 
Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски - Оцка“ во Прилеп

По расформирањето на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ дејствувал илегално во селото Лавци, Битолско. По формирањето на првиот Битолски партизански одред „Пелистер“, бил член на раководството задолжен за агитација и пропаганда. Загинал во текот на борбата кај Ореовската Корија, Битолско, на 3 мај 1942 година, кога одредот бил разбиен од страна на бугарскиот окупатор.[2]

Во негова чест е наречено основното музичко училиште „Ордан Михајлоски - Оцка“ во Прилеп.

Наводи

уреди
  1. „А бре, Македонче“ е постара од химната. „Нова Македонија“, број 22.545, година LXVII, 30.03.-01.04.2012. стр. 19
  2. „Биографија на Ордан Михајлоски - Оцката“. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 2012-08-31.