Ордан Михајлоски-Оцка
Ордан Михајлоски - Оцка (Прилеп, 1921 - Орехово, Битолско, 3 мај 1942) — македонски виолинист и партизан, учесник во НОВ.
Ордан Михајлоски - Оцка | ||
Роден | 23 септември 1921 Прилеп, Кралство СХС (денес Македонија) | |
---|---|---|
Починал | 3 мај 1942 Орехово, Битолско, Македонија | (возр. 20)|
Националност | Македонец |
Животопис
уредиМихајловски е роден во Прилеп во 1921 година. Бил талентиран музичар и образуван виолинист. Како член на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ во времето на неговото формирање на 23 октомври 1941 година, учествувал во создавањето на песната и составувањето на музиката за химната на партизанското движење во Македонија А бре, Македонче.[1]
По расформирањето на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ дејствувал илегално во селото Лавци, Битолско. По формирањето на првиот Битолски партизански одред „Пелистер“, бил член на раководството задолжен за агитација и пропаганда. Загинал во текот на борбата кај Ореовската Корија, Битолско, на 3 мај 1942 година, кога одредот бил разбиен од страна на бугарскиот окупатор.[2]
Во негова чест е наречено основното музичко училиште „Ордан Михајлоски - Оцка“ во Прилеп.
Наводи
уреди- ↑ „А бре, Македонче“ е постара од химната. „Нова Македонија“, број 22.545, година LXVII, 30.03.-01.04.2012. стр. 19
- ↑ „Биографија на Ордан Михајлоски - Оцката“. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 2012-08-31.