Организација на американските држави

Организацијата на американските држави (ОАД - OAS на англиски; OEA на останатите три службени јазици) е меѓународна организација, со седиште во Вашингтон, САД. Основана е во 1948 со склучувањето на Повелбата на Организацијата на американските држави, која стапува во сила во 1951. Нејзини членови се 35-те независни држави на Америка. Членовите расправаат за важните политички прашања и цели во рамките на Генералното собрание, кое ги собира на едно место министрите за надворешни работи на континентот еднаш годишно.

Држави членки на ОАД
  основачи
  подоцна пристапиле
Организација на американските држави
Organization of American States
Organización de los Estados Americanos
Organisation des États Américains
Organização dos Estados Americanos
Седиште Вашингтон
Членови 35 држави
Јазици англиски, француски, шпански, португалски
Секретар Хосе Мигел Инсулца (26 мај 2005. – денес)
Основање
 - потпишана
 - стапила на сила
Повелба на Организацијата на американските држави
 - 30 април 1948.
 - 1 декември 1951.
Мрежно место http://www.oas.org/

Организацијата има четири службени јазици: англиски, француски, шпански и португалски.