Општина Кузма

општина во Словенија

Општина Кузма (словенечки: Občina Kuzma) — општина во североисточна Словенија. Седиште на општината е селото Кузма. Областа е дел од историскиот регион Прекмурје. Денес е дел од Помурскиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 1.573 жители.[2]

Општина Кузма
Občina Kuzma
општина
Грб на Општина Кузма
Местоположба на Општина Кузма во Словенија
Местоположба на Општина Кузма во Словенија
Земја Словенија
СедиштеКузма
Управа
 • ГрадоначалникЈожеф Шкалич
Површина
 • Вкупна22,9 км2 (88 ми2)
Население (2020)[1]
 • Вкупно1.573
 • Густина6,9/км2 (18/ми2)
Час. појасCET (UTC+01)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Мреж. местоobcina-kuzma.si Уредете го ова на Википодатоците

Населени места

уреди

Покрај општинското седиште Кузма, општината ги опфаќа и следните населени места:

Географија

уреди

Општина Кузма се наоѓа во крајниот сесевероисточен ридски дел на Словенија - на раскрсницата на три држави - долж границата со Словенија, Австрија и Унгарија. Општината зафаќа површина од приближно 22,9 км2 и се граничи со австриската сојузна држава Градиште, со унгарскиот округ Ваш и со словенечките општини Горњи Петровци, Град и Рогашовци. На подрачјето на општината, во Трдкова, има пирамидален триаголен камен од 1924 година. Секоја страна на пирамидата го носи грбот на една од пограничните земји и годината на државната граница (10 септември, 1919 и 4 јуни 1920 година).

Наводи

уреди
  1. „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
  2. E-občina. „Občina Kuzma“. kuzma.e-obcina.si (словенечки). Посетено на 2022-02-22.

Надворешни врски

уреди