Општина Жировница
Општина Жировница (словенечки: Občina Žirovnica) — општина во западна Словенија. Седиште на општината е селото Брезница. Областа е дел од историскиот регион Горењска. Денес е дел од Горењскиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 4.394 жители.[1]
Општина Жировница Občina Žirovnica | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Брезница | |
Управа | ||
• Градоначалник | Леополд Погачар | |
Површина | ||
• Вкупна | 42,6 км2 (164 ми2) | |
Население (2020)[1] | ||
• Вкупно | 4.394 | |
• Густина | 10/км2 (27/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | zirovnica.si |
Населени места
уредиПокрај општинското седиште Брезница, општината ги опфаќа и следните населени места:
Географија
уредиПодрачјето се наоѓа на јужните падини на венецот Караванки, долж границата со Австрија. Општината се граничи со општините Општина Јесенице на запад, Општина Блед и Општина Радовљица на југ и Општина Тржич на исток. Преку планините на север се граничи со австрискиот округ Клагенфурт-Околина (Целовец-Дежела).
Историја
уредиВо долината на реката Завршница зад гребенот Ребер кој се идига над селата во 1914 г е изградена првата хидроелектрана во Словенија. Во 1952 г. кај Мосте е отворена втората хидроелектрана со 60-метарска брана во клисурата Кавчке. Таа била првата електрана на реката Сава.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
Надворешни врски
уреди- Општина Жировница на Ризницата ?
- Портал на Општина Жировница (словенечки)
- Општина Жировница на Геопедија Архивирано на 20 јуни 2012 г.