Во медицината, хемодијализа е метод за отстранување на вишокот продукти како креатинин и уреа, како и слободната вода од крвта при бубрежна инсуфициенција.

Хемодијализа
Хемодијализатор
Други имињаkidney dialysis
СпецијалностНефрологија
Хемодијаализа во тек

Историја

уреди

Идејата за прочистување на крвта потекнува од експерименти со дијализа, процес опишан од шкотскиот хемичар Томас Греам во 1854 година. Тој го вовел терминот „дијализа“ за опишување на движењето на молекулите низ полупропустлива мембрана. Во 1913 година, американските научници Џон Абел, Леонард Роунтри и Б.Б. Тарнер создале рана форма на дијализатор кај животни, користејќи целулозни мембрани. Ова бил прв обид за „вештачко бубрежно“ прочистување на крвта, но технологијата не била применлива за луѓе.

Холандскиот лекар Вилем Колф е пионер во развојот на хемодијализата. Во 1943 година, за време на Втората светска војна, Колф ја создал првата практична машина за дијализа во Холандија. Во 1945 година, Колф успешно ја спасил првата пациентка, Софија Шафстад, од кома предизвикана од акутна бубрежна инсуфициенција. Ова бил првиот клинички успех на хемодијализата.