Газпром

најголемо претпријатие за гас во светот

ОАО „Гаспром“ (Отворено акционерско друштво „Газпром“) — најголем производител на земен гас во светот и најголемо претпријатије во Русија. Гаспром настанал во 1989 година, кога Министарството за гасна индустрија на Советскиот Сојуз било трансформирано во корпорација. Компанијата подоцна била делумно приватизирана, но и натаму руската влада има контролен удел.

Русија Гаспром
Видјавно
ISINRU0007661625 Уреди на Википодатоците
ДејностГасна индустрија
Основано1989
ОсновачВлада на Руската Федерација Уреди на Википодатоците
Седиште,
Клучни личности
Виктор Зупков, Алексеј Милер
Услугиземен гас
нафта
петрохемиски производи
Доход 153,0 милијарди долари (2012)
Оперативен доход
614.851.000.000 руска рубља (2020) Уреди на Википодатоците
Нето-доход
38,7 милијарди долари (2012)
Вкупно актива23.352.185.000.000 руска рубља (2020) Уреди на Википодатоците
СопственикВлада на Русија (50,01%)
Вработени
393.000[1]
Мреж. местоhttp://www.gazprom.com

Во 2008, компанијата произвела 549,7 милијарди кубни метри гас, што изнесува околу 17% од светското производство на гас. Поред тоа, компанија произвела 32 милиони тони нафте и 10,9 милиони тони кондензат за гас. Производството на Гаспром чини 10% од бруто домашниот производ на Русија во 2008 година.

Најголем дел од гасните полиња на Гаспром се наоѓале околу заливот Об во Јамало-ненецкиот автономен округ во западен Сибир, а се очекува дека Јамалскиот Полуостров ќе стане главна област за производство на гас во иднина. Гаспром има најголема мрежа за транспорт на гас во светот, со 158.200 километри гасовод.

Освен нафта и гас, исто така се занимава и со банкарство, осигурување, медиуми, градежништво и земјоделство.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди