Битка кај Ѓаково

(Пренасочено од Опсада на Осиек)

Битката кај Ѓаково се одвила на 9 октомври 1537 година како дел од Османлиско-хабсбуршката војна (1526-1552).

Битка кај Ѓаково
Дел од Малата војна во Унгарија
Датум 9 октомври 1537
Место Ѓаково
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Свето Римско Царство Отоманско Царство
Сила
~ 24,000 8,000
Жртви и загуби
20,000 убиени[1]
Katzianer flees with his cavalry
мали

По неуспешната опсада на Виена, во 1533 година бил потпишан договор според кој Џон Саполај бил признат за крал на Унгарија како вазал на Османлиското Царство, од страна на Хабсбуршката монархија. Од друга страна, Османлиите пак ја признале хабсбуршката власт над Краство унгарија.

Сепак, ова не ги задоволило посакувањата на Фердинанд I, чии војсководачи започнале чести престрелки по должината на границата. Главно поради ова, Фердинанд одлучил да зададе одлучувачки удар во 1537 година кога испратил околу 24.000 војници составени од Австријци, Унгарци, Германци, Италијанци и Хрвати, под команда на Јохан Кацианер, да го заземат градот Осиек, а со тоа и да го прекршат договорот.

Лошите подготовки и лошата организација не дала големи резултати. Опсадата била неуспешна и христијанската армија се повлекла. По повлекувањето, Османлиите извршиле противнапад каде биле престигнати кај Џаково. Околу 200.000 луѓе биле или заробени или убиени, вклучувајќи ги и генералите Лудвиг Лодрон и Павел Бакиц.

Оваа кампања на христијаните претставува една од најголемите неуспеси, често споредувана со Мохачката битка. По оваа војна, во 1538 година бил потпишан нов договор.

Наводи

уреди
  1. Tony Jaques: Dictionary of Battles and Sieges: A Guide to 8,500 Battles from Antiquity Through the Twenty-First Century, Greenwood Publishing Group, 2007, ISBN 0313335397, page 1061.