Опсада на Цариград (813)

За другите опсади на градот видете Опсада на Цариград

Опсадата на Цариград од 813 година е обид на бугарскиот хан Крум да го зазеде градот од страна на Византија.

Бугарска опсада на Цариград
Дел од Византиско-бугарски војни
Хан Крум
Датум 813
Место Цариград, Византија (денеска Истанбул, Турција)
Исход Обид за склучување на мировен договор
Завојувани страни
Прво Бугарско Царство Византија
Команданти и водачи
Хан Крум Лав V Ерменски,

Заднина

уреди

Во јули 811 година, Бугарската држава ѝ нанела пораз на Византија во Битката кај Плиска, каде го заробил и убил императорот Никифор I. Веќе во следната година, ханот организирал воен поход кон Тракија, каде биле заземени поголем број на тврдини и места.

Опсада

уреди

Во текот на 812 година, бугарскиот хан ги испратил своите емисари во Цариград за да побарат од византискиот цар Михаил I Рангабе склучување на мир. Тој го одбил тој договор. По ова, бугарите го презеле Месемврија. Во 813 година за нов цар на Византија бил избран Лав V Ерменски, а по само една недела, хан Крум и бугарската војска била пред ѕидините на градот. Помеѓу двата императори била договорена средба за склучување на мир. Но набргу ханот дознал дека средбата е само една обична замка па заседанието го напуштил.

На враќање, бугарската армија ги опустошила Источна Тракија и го презел денешниот град Едрене. Тој решил по ова да тргне повторно кон Цариград со околу 30.000 души, но во текот на подготовките ханот починал.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди