Опозицијата на масонството во рамките на христијанството

Додека мнозинството христијански деноминации или го поддржуваат масонството или имаат негативен став во врска со тоа, постојат неколку кои отворено се противат на него, и или ги спречуваат или целосно им забрануваат на нивните членовите да се приклучат на братството. Најголеми од овие се Римокатоличката црква и Јужната баптистичка конвенција.

Католичка црква

уреди

Поврзано: Папска забрана на масонството

Римокатоличката црква е меѓу најупорните критичари на масонството. Црквата им забранува на своите членови да бидат масони со In Eminenti Apostolatus (папска була) во 1738 г. Оттогаш, Ватикан издал неколку папски були забранувајќи им на католиците да се приклучуваат на масонството под закана на изопштување. Во моментов, како што е потврдено во 1983 г., католиците коишто се запишуваат во масонски здруженија прават сериозен грев и не можат да примат Света причест; казната за изопштување не е објавена во сегашниот кодекс на канонското право, но членството останува забрането. Забраната често се игнорира од страна на католичките масони коишто продолжуваат да ги примаат светите тајни.

Католичката црква тврди дека филозофијата на француското масонство (Големиот ориент, а не доминантната разновидност на масонството или гранката што е активна во англиското говорно подрачје) е спротивна на христијанската доктрина и дека е многупати, на многу места анти-свештеничка во намерата. ''Католичката енциклопедија'' од 1913 г. расправа дека некој од церемонијалите во шкотскиот ритуал е анти-католички. Сепак, оваа жалба не била вклучена во понатамошните изданија.

Масонската употреба на библиска сликовитост била забележана во Католичката енциклопедија од 1913 г. направена на таков начин да го одрекува откровението на христијнството. Сепак, оваа жалба не била вклучена во понатамошните изданија.

Католичката забрана за масонството од Вториот ватикански совет

уреди

Во 1974 г. кардиналот Фрањо Сепер, префект на Конгрегацијата за доктрината на верата, испратил писмо кое што, се чинело дека ќе ја олабави претходната апсолутна забрана за масонството, што предизвикало збунетост и довело до тоа да многу католици станат масони. Во 1981 г., Конгрегацијата го појаснила ваквиот став во писмо до Американската конференција на католичките бискупи, насловено како Појаснување што е поврзано со статусот на католиците кои стануваат масони кое што, како што вели личното писмо од 1974 г., со станувањето јавно, „предизвикало погрешни и пристрасни толкувања“ и потврдува дека забраната против католиците кои се приклучуваат на масонски редови останува. Во 1983 г., црквата го прегледала Кодексот на канонското право така што не го спомнала масонството директно, предизвикувајќи одредени масони да тврдат дека забраната за католиците кои стануваат масони можеби е укината, иако забраната била потврдена во истата година од страна на Ватикан. Во 2000 г., писмо напишано од Отецот Томас Анслоу, судски викар, покажало попопустлив став, иако ова било повлечено од страна на Анслоу во 2002 г., бидејќи „проценката била погрешна.“

Обвинувања за деизам

уреди

Една од постојаните католички критики за масонството е дека тоа се залага за деизмот или натуралистички поглед кон создавањето. Масонството всушност, не бара од неговите членови да веруваат конкретно во некое врховно суштество, како што деизмот прави, туку едноставно да веруваат во некое врховно суштество.

Истовремено се признава дека масонството не е атеистичко (масоните се прашуваат дали веруваат во Бог пред да бидат примени), неговата употреба на изразот, Врховен архитект на универзумот –термин препишан на протестантскиот теолог Џон Калвин –се гледа од страна на некои христијански критичари како да укажува на деизмот, (иако Калвин не бил деист) верувањето дека Бог го создал универзумот, но не влијаел врз светот потоа. Ова било чест ерес којшто се појавил во Просветителството.

Посебно обвинување направено во Католичката енциклопедија од 1913 г. против масонството е дека воведот во шпекулативното масонство во раниот осумнаесетти век посебно бил насочен кон „дехристијанизација“ на старите оперативни ложи. Сепак, ова обвинение било отфрлено од наредните изданија.

Додека конституциите на претходните ложи на оперативното масонство изјавиле дека „Првото обвинение е ова, дека вие треба да бидете верни на Бог и на Светата црква и да не правите грешки, ниту ерес“ во 1723 г. конституцијата на Големата ложа на Англија:

Масонот е обврзан од неговата позиција, да го почитува моралниот закон; и ако правилно ја разбира уметноста, никогаш нема да биде глупав атеист ниту пак нерелигиозен развратник. Но, иако во старите времиња масоните биле обвинувани во секоја земја дека се дел од религијата во таа земја или нација, што и да било, сега се смета за посоодветно само да ги обврзе за таа религија во која сите луѓе живеат во слога, оставајќи ги нивните различни мислења за себе; односно, да бидат добри и верни луѓе, или чесни и искрени луѓе, со какви било деноминации или убедувања да се разликуваат, при што масонството станува центарот на Унијата, и средство за воспоставување на вистинско пријателство помеѓу личностите кои мораат да останат на постојана оддалеченост.

Одвојување на црквата од државата

уреди

Американските масони се доследни застапници на слободата на религија, како што е напишано во Првиот амандман на американскиот Устав. Идејата дека одредената точка подразбира строго одвојување на црквата од државата, е протолкувано од Католичката црква како прикриен напад на нејзиното место во јавниот живот. Па така, во XIX век, папството продолжило да го брани Божјото барано право да назначува граѓански владетели и да ги симнува од власт. Тоа ја повикало опозицијата на овој принцип „религиозна незаинтересираност“ според кој ниту една религија не била признаена како вистинска или докажана и го видел масонството како водач во причината за популарна независност. Сепак, ова упатување не е присутно во подоцнежните верзии на енциклопедијата. Масоните биле обвинети за планирање на несоодветно оцепување на црквата од државата во неколку одредени области, а тоа биле: ⦁ Задолжителна држава го поддржала световното образование во Италија во 1882 г. кое што наложувало забрана за религиското образование, а и фактот дека „верските куќи [биле] урнати, Боговите на црквата конфискувани, бракови склучени и покрај законите и без ритуалите на црквата“ ⦁Воведувањето на граѓански брак во Мексико во 1857 г.

Религиозна индиферентност

уреди

Католички критичари на масонството забележуваат дека тоа се противи да промовира една вера како супериорна над сите други, додека во исто време исто така, користи ритуали од религиозен вид. Таа комбинација е сфатена како всадување индиферентност кон религијата.

Масонскиот автор Меки го нарекол масонството „наука која што се занимава со потрагата по Божјата вистина“.

Стари обвиненија против еден масон од Андерсон, 1723 г., зборува за масоните, дека тоа е „начин само за да ги обврзат за религијата во која што сите луѓе живеат во слога, оставајќи ги нивните различни мислења за себе“. Масоните одговараат дека необврзувањето на еден член да ја искаже својата религиозна определеност како услов за членство не е еквивалентот на докажувањето дека ниту една религија може да биде над сите. За личните теолошки верувања не се разговара во ложата, и на тој начин се избегнуваат дискусии со оние што имаат различни верувања. Било упатено дека оваа забрана за религиозна дискусија била особено важна во Англија во осумнаесеттиот век, каде што Граѓанската војна, делумно предизвикана заради религиозен конфликт, неодамна завршила.

Протестантски цркви

уреди

Голем дел од мнозинството на протестантски деноминации не им забрануваат или спречуваат нивните членови да се приклучат на масонските ложи и немаат издадено никакви документи за ставови коишто го осудуваат масонството. Одредени цркви, сепак, строго се спротивставиле на масонството и зборувале за проблемите што ги имаат со христијаните кои припаѓаат на масонски ложи.

Во повеќето примери, ова се умерено мали црковни органи коишто се одделиле од главните протестантски деноминации во последните декади, истакнувајќи ја како нивна причина нивната опозиција кон теолошкиот либерализам или разновидност. Најголемите досега од лутеранските, пресвитеријанските и методистичките црковни органи во Соединетите Држави не се бореле против масонството, и многу масони се нивни активни членови. Најголемата од англиканските цркви во Соединетите Држави, Епископската црква, не се борела против масонството, ниту пак различните помали Континуирани англикански и независни англикански црковни органи.

Постои голема напнатост помеѓу тие протестантски деноминации кои ги спречуваат нивните верници да се приклучат на масонските ложи. Деноминации кои, на некој начин или на друг, го спречуваат членството на масоните да се вклучи во малиот Eвангелски лутерански синод, до поголемите протестантски црковни органи. Помеѓу протестантите кои се противат на масонството се: Црквата на Назареецот, Менонитите, Северноамериканскиот одбор за претставништво на јужната баптистичка конвенција, Литеранската црква – Синодот на Мисури, Христијанската реформирана црква во Северна Америка, Црквата на браќата, Собранијата на Бог, Здружението на пријатели, Обединетото братство, Слободната методистичка црква, Православната презвитеријанска црква, Слободната црква на Шкотска, Баптистичкиот сојуз на Велика Британија и Ирска, Презвитеријанската црква во Америка и Реформираната презвитеријанска црква на Ирска. Повеќето од овие пресуди резултирале од работата на црковните комитети назначени исклучиво во последните декади. Многу од овие протестантски пресуди никогаш не влегле во сила.

Шкотската црква не им забранила на верниците да станат масони, но во 1989 г. генералното собрание изјавило дека имало „многу реални теолошки потешкотии“ со припадниците на шкотската црква кои биле масони.

Методистичката конференција во 1985 г. во Англија, изјавила дека масонството се натпреварува со христијанските верувања, барајќи методистичките масони да го преиспитаат нивното членство и масонските средби да бидат забранети во методистичите простории. Сепак, таа не ставила забрана на членството, а одредени масонски средби продолжиле да се одржуваат во методистички простории.

Црквата на Исус Христос на Последниот ден на Светителите

уреди

Главна статија: Мормонизмот и масонството

Црквата на Исус Христос на Последниот ден на Светителите („LDS“ црква) има долгогодишна политика на одржување на неофицијална позиција во масонството. Сепак, одредени луѓе сметаат дека постојат врски меѓу двете движења во практиката, структурата, и симболизмот, кои доаѓаат уште од почетоците на црквата.

Може да се каже дека првото движење на Последниот ден на Светителите и масонството имале пријателски однос. Додека влијанието на масонството во црковната доктрина е предмет на жестока расправа, се знае дека семејството на основачот на црквата и првиот претседател, Џозеф Смит помладиот, бил активен во масонството во 1816 г. Кога седиштето на црквата било во Науво, Илиноис, Смит и неколку негови другари - вклучувајќи ги и првите негови следбеници како претседател на црквата – станале масони. Многу одлики на церемонијата за донација за црковниот храм основана од Смит во паралелните ритуали и церемонии во Науво, биле применувани во масонството. Кога црквата по смртта на Смит се префрлила во Јута во 1840-тите, постоела дури дискусија за создавање „мормонска голема ложа.“ Сепак, оваа замисла била крајно одбиена од страна на претседателот на црквата Бригам Јанг.

Сепак, многу немормонски масони негувале силни анти-мормонски чувства. Набргу по вмешувањето на Смит и неговите другари, Големата ложа на Илиноис била присилена да ги поништи повелбите на одредени претежно мормонски ложи. Во 1872 г. Големата ложа на Јута била создадена како отворена анти-мормонска организација. Со текот на времето, непријателството се зголемило, крајно водејќи до тоа Големата ложа на Јута потполно да им забрани на мормонците да се приклучуваат на нејзините ложи. Додека црквата никогаш не им забранила на масоните од нејзините редови, таа сепак, еднаш им забранила на масоните да држат водачки позиции во црковното свештенство.

Во 1984 г. Големата ложа на Јута и црковното раководство под претседателот Спенсер В. Кимбал заеднички се согласиле да ги отфрлат нивните непријателски ставови еден против друг. Додека одреден сомнеж останува на двете страни, денес, не постои строга бариера која што спречува еден мормон од машки пол да стане масон или обратно.

Нова религија

уреди

Масонството несомнено тврди за себе дека не е религија, ниту пак замена за религија. Не постои посебен „масонски“ Бог. Ниту пак постои посебно соодветно име за божество во секоја област од масонството. Нема општо толкување на ниту еден од симболите. Во согласност со геометриската и архитектонската тема на масонството, Врховното битие во масонскиот ритуал е поврзано со одликите на Големиот архитект на универзумот (понекогаш скратено како G.A.O.T.U. анг. Great Architect of the Universe), Голем геометар или нешто слично. Масоните ги користат ваквите различни форми на обраќање за да разјаснат дека упатувањето е генерично, и не се однесува на посебната идентификација за Бог во некоја религија.

Сепак, истото масонство кое е критикувано како деистичко, е исто така критикувано наводно и како замена за христијанско верување. На пример, Новата католичка енциклопедија го изјавила мислењето дека „Масонството ги прикажува сите елементи на религија, и како такво тоа станува противник на религијата на Госпел. Тоа вклучува храмови и олтари, молитви, морален кодекс, обожавање, одежди, денови за пост, ветување за награда или казна во задгробниот живот, хиерархија, и почетни и погребни ритуали.“ Ниту една од овие одлики на историско христијанство е и одлика на деизам.

Поврзувања со езотерицизам

уреди

Одредени видови на масонство, особено Шведскиот ритуал се смета дека се поврзани со Езотеричното христијанство, кое верува дека православната христијанска доктрина е за поглупавите луѓе и дека „вистинското“ христијанство го поседува тајното знаење поврзано со жртвата на Христос на Голгота.

Претхристијански пагански влијанија

уреди

Католичката енциклопедија вели дека масонските автори Клавел, Рагнон, Пике и Маки тврдат дека масонскиот симболизам потекнува од сончевото и фаличко обожавање во претхристијанската мистична религија, особено египетската религија.

Розенкројцерски влијанија

уреди

Одредени научници веруваат дека масонството е поврзано со розенкројцерското движење. Розенкројцерскиот симбол -црвениот крст, исто така се сретнува во одредени ритуали на приклучените органи на масонството кои бараат кандидатите да бидат Мајстори масони.

Многу анти-масонски христијански автори изјавиле дека розикруцијанот Роберт Флад (1574-1637 г.) бил масон. Сепак, не постои доказ кој го потврдува ова мислење. Ниту пак постојат докази поткрепени со документи кои ќе го поддржат мислењето на Артур Едвард Вајт (1857-1942 г.) дека Флад можеби придонел за розенкројцерското влијание врз масонството. Роберт Ванло изјавува дека розенкројцерството во 17-от век имало значајно влијание врз „англосаксонското“ масонство.

Список на групи коишто се поврзани и со масонството и со розенкројцерството, кои бараат да бидеш христијанин и Мајстор масон за да бидеш примен, ги вклучува: ⦁ Розенкројцерското општество во Англија, 1866 г. ⦁ Розенкројцерското општество во Цивитатибус Фоедератис, 1880 г. Менли Палмер Хол, истакнат окултист и автор на масонски теми, напишал книга која се вика Розенкројцерско и масонско потекло во 1929 г. (долго пред да стане масон) и розенкројцерскиот автор Макс Хендел напишал книга во 1910-тите, од кои двете ги претставуваат католицизмот и масонството како два различни правца во развојот на христијанството.

Тврдења за обожавање на ѓаволот

уреди

Одредени христијански критичари на масонството, често евангелистички христијани, тврдат дека масонството вклучува обожавање на ѓаволот. Ваквите тврдења се често поддржани со цитирање, погрешно цитирање, или цитирање надвор од контексот на различни личности, и масонски и немасонски, но не и масонски ритуали.

Подолу се прикажани некои од најчестите цитати кои се користат на интернет во обидот да се докаже тврдењето дека масоните го обожаваат ѓаволот, со неколку забелешки за нив:

Вајт

уреди

Прва наредба упатена до императорот Луцифер. Императору Луцифер, Господар и Принц на бунтовничките духови, ти заповедувам да го напуштиш живеалиштето, на кое било место во светот да се наоѓа, и дојди овде да разговараш со мене. Ти наредувам и заповедувам во името на семоќниот жив Бог, Таткото, Синот и Светиот дух, да се појавиш без врева и без....

Овој цитат често му се припишува на „Артур Едвард Вајт, 33-ти степен“ на христијанските анти-масонски мрежни места, како да е авторитетна изјава од масон на „високо ниво“, но Вајт не е идентификуван како масон со 33-ти степен никаде во книгата од која што е преземен овој цитат. Тој е опишан само како личност која била заинтересирана во окултизмот. Вајт не бил масон кога ја напишал оваа книга (книгата била напишана и објавена во 1898 г.; Вајт станал масон во 1902 г.). Покрај тоа, според масонскиот истражувачки документ „Лагата на луциферизмот“ Вајт никогаш не бил масон со 33 степени; тој никогаш не се приклучил на шкотскиот ритуал. Тој бил, сепак, член на „високо ниво“ на Редот на Златната Зора, псевдо-масонска организација која го користела масонството како модел. Понатаму, книгата зборува за црната магија, а не за масонството. Не постои никаква врска помеѓу овие податоци и масонството, освен дека ја напишал некој нареден масон.

Му ветувам на Големиот дух Луцифер, принцот на демоните, дека секоја година ќе му носам по една човечка душа, да прави со неа сè што сака, а за возврат Луцифер ветува дека ќе ме опсипе со земните богатства и ќе ми ја исполни секоја моја желба за должината на мојот природен живот. Ако не успеам да му го носам секоја година понуденото, наведено погоре, тогаш нека ја задржи мојата душа. Потпишан.....{Личноста го потпишува договорот со сопствената крв}

Овој извадок е од книгата Тајните учења за сите возрасти (поточно, поглавјето „Церемонијална магија и волшебништво.“) од Менли Палмер Хол. Како и Вајт, христијанските анти-масони го користат овој цитат како тој да е „авторитетна“ изјава од масон на „високо ниво“. Сепак, како и Вајт, Хол не е идентификуван како масон со 33-ти степен никаде во книгата, ниту пак постои некаква документација за неговиот прием во 33-тиот степен која е наведена во некои достапни извори кои не го вклучуваат цитатот погоре. Според Големата ложа на Британска Колумбија и Јукон, Хол бил внесен во масонството, но не пред 1954 г., кога имал 53 години. Тајните учења за сите возрасти била објавена во 1928 г., кога имал само 27 години. Уште поважно, цитатот е надвор од контекст. Хол не разговара воопшто за масонството, туку накратко прикажува како еден магионичар би повикал дух и дава пример за тоа како може да се прочита еден демонски пакт. Хол бил окултист, и според еден извор, тој бил добар предавач за окултното и други мистичности на возраст од 20 г., пред да стекне право да стане масон.