Мормонизмот и масонството
Односот помеѓу мормонизмот и масонството започнал рано во животот на основачот на мормонизмот Џозеф Смит Помладиот, бидејќи неговиот постар брат и веројатно неговиот татко, биле масони, а семејството живеело во близина на Палмајра, Њујорк.[1] Кон крајот на 1820-тите, западниот регион на Њујорк бил опфатен од антимасонска треска, и Книгата на Мормон, основна верска книга објавена од страна на Смит во 1830 година, се смета дека го одразува антимасонското чувство, осудувајќи го она што го прикажува како конспиративни организации обврзани со заклетва.
До 1840-тите, Смит и неколку истакнати мормони, станале масони и основале ложа во Нову, во март 1842 година. Набргу по приклучувањето на масонството, Смит го претставил новиот храм „Верски обред“ вклучувајќи голем број на симболични елементи кои биле идентични со нивните замени во масонството. Смит останал масон сè до неговата смрт; но, подоцнежните мормонски водачи се оддалечиле од масонството. Во денешно време, Црквата на Исус Христос на Последниот ден на Светителите, доминантна мормонска организација, не држи позиција за или против компатибилноста на масонството со црковната доктрина на светителите на судниот ден..[2]
Историски врски
уредиГолем број на водачи во почетокот на Движењето на Последниот ден на Светителите биле масони уште пред нивното вклучување во движењето. Освен Џозеф Смит,[3] овде спаѓаат и Бригам Јанг,[4] Евер Ч. Кимбал, Џон Тејлор,[5] Хирум Смит и Џозеф Смит постариот.
Во почетокот на 1840-тите била формирана масонска ложа од страна на ЛДС членови на црквата кои биле масони. Џозеф Смит и неговиот брат Хирум станале членови на новоформираната ложа во Нову. Се смета дека Џон К. Бенет имал особено големо влијание врз ширењето на масонството, и наскоро над 1, 500 членови мормони во градот Нову биле масони. ЛДС историчарот Рид Дурам напишал:
До 1840 г., Џон Кук Бенет, поранешен активен водач во масонството започнал со трговија и многу бргу го наметнал неговото убедливо водство во сите домени на Црквата, вклучувајќи го и мормонското масонство. ...Јосиф и Сидни [Ригдон] биле примени во формалното масонство ...на ист ден... направени ,,масони на повидок” од страна на Големиот мајстор на Илиноис. (,,Нема ли помош за синот на вдовицата?” од д-р Рид Дурам помладиот, како што е испечатено во ,,Џозеф Смит и масонството: Нема помош за синот на вдовицата”) ( Ова го ослободило Џозеф од тоа да мора да го заврши ритуалот и меморирањето неопходно за комплетирање на првите три степени.) Оначувањето како ,,Масон на повидок” обично е задржано како чест и се случува многу ретко.
Во 1842 г. Смит станал Мајстор масон, како што е покажано во Историјата на црквата:
Вторник, [март] 15. – Служев како голем старешина во поставувањето на Науво ложата на слободните ѕидари, во Гроув во близина на Храмот. Големиот мајстор Џонас, од Колумбус, беше присутен, голем број луѓе се собраа на тој настан. Денот беше преубав; сите работи беа средени, и беше постигнато општо задоволство. Во вечерните часови, го примив првиот степен во масонството во Науво ложата, собрани во мојата деловна канцеларија. Историја на црквата (Џозеф Смит)|Историја на црквата, од Џозеф Смит, Десерет бук, 1978)
Џозеф Смит се издигнал до третиот степен на Мајстор масон ,,на повидок’’ од страна на Големиот мајстор Џонас од Големата ложа на Илиноис. Ова било целосно во рамките на правото на Џонас за власт, но било прилично ретка постапка.
Среда, 16 март. – Бев со масонската ложа и се издигнав до возвишениот степен. (Историја на црквата)
Во Мормонската црква и масонството (2001 г.), Тери Шато пишува:
[Семејството на Џозеф Смит] беше масонско семејство кое живееше со, и ги практикуваше ценетите и восхитувачки принципи на масонството. Таткото, Џозеф Смит постариот беше запишан член во северниот дел на Њујорк. Тој се издигна до степен Мајстор масон на 7 мај, 1818 г. во ложата Онтарио бр. 23 во Канандејгуа, Њујорк. Постариот син, Хирум Смит, беше член на ложата Маунт Мориа бр. 112, Палмира Њујорк.
Треба да се напомене дека Хирум Смит не бил само постар брат на Џозеф, но и го наследил нивниот татко како патријарх на црквата и Оливер Каудери како помошник претседател на црквата (тие биле единствените двајца мажи кои ја држеле оваа функција) и секогаш се потпирал на Џозеф Смит.
Се појавиле проблеми поврзани со посебната диспензација доделена на Науво ложата, донесена од страна на ложата Бодли број 1, а на 11 август, 1842 г. посебната диспензација била суспендирана од Големиот мајстор сè до годишната „Комуникација на Големата ложа на Илиноис“. ,,За време на краткиот период извршувајќи ги своите активности, ложата поттикнала 286 кандидати и издигнала речиси толку. Џон К. Бенет прикажал еден случај во кој шеесет и три лица биле избрани на едно гласање. Оваа суспензија подоцна била укината и мормонските ложи продолжиле со работа, иако биле забележани неколку неправилности во нивната работа. Неправилностите поврзани со масовното гласање (гласање за повеќе од еден кандидат во исто време) и кои не бараат големо знаење во секој степен пред продолжувањето на друг степен (во многу случаи, се предавале иницијативи до степенот Калфа и биле издигнувани до степенот Мајстор масон во рок од два дена по нивното иницирање за Ученик). Во 1844 г., на мормонските ложи (кои тогаш биле пет) им било наредено од страна на Големата ложа, да престанат со работа, но тие ја игнорирале оваа наредба и продолжиле да работат како тајни сè до смртта на Смит.
Сличности во симболизмот и ритуалите
уредиМормонскиот храм има голема сличност во симболите, знаците, речникот и облеката со масонството, вклучувајќи алишта, престилки, ракувања, ритуално подигање на рацете, и сл. Толкувањето на многу од овие симболи е прилагодено на мормонските раскажувачки од нивните оригинални значења во масонството. На пример, додека масоните разменуваат тајни ракувања за да препознаат колега масон, мормонизмот учи дека овие ракувања мораат да бидат дадени на ангели чувари за мормоните да бидат примени во највисокото кралство на небото. Мормонската облека за во храм, исто така, ги содржи масонските симболи правоаголник и компас, иако мормоните ги имаат проширено овие симболи со религиозно значење кое што го надминува значењето на симболите како предвидени од масонството.
Во ,,Храмот и спасот за мртвите“ дел од „Дискурсите“ на Бригам Јанг, Бригам Јанг дава цитат за храмот којшто директно се поврзува со приказната за Хирам Абиф. Иако Јанг сменил некои од главните масонски аспекти за Хирам за да се вклопат подобро со мормонскиот поглед кон храмот, општо земено приказната е иста.
Точно е дека Соломон изградил храм со цел да се даваат донации, но од она што можеме да научиме од историјата од тоа време е дека се дале многу малку донации, и еден од високите свештеници [Хирам Абиф] бил убиен од зли и корумпирани луѓе, коишто веќе почнале да се откажуваат од верата, бидејќи тој не сакал да ги открие работите кои им припаѓале на свештениците кои му забраниле да ги обелодени сè додека не дојде до соодветна позиција. (Дискурси на Бригам Јанг, составени од Џон А Видцо, Десерет Бук Компани, 1977 г.)
Кога Смит бил во затворот во Картагина во 1844 г., откако го испукал последниот куршум од малиот „пејпер-бокс“ пиштол (којшто му го дал тоа утро Сајрус Вилок), тој го држел неговото оружје и можеби давал повик на неволја, надевајќи се дека потенцијалните масони ќе го испочитуваат овој повик и нема да пукаат во него. Било запишано дека тој се стрчал кон отворениот прозорец со подигнати раце, и викнал, „Ох Господи, Боже мој.“ Повеќето луѓе го сметале ова единствено како молба за помош до Бог, иако други мислеле поинаку. Оваа фраза, „Ох, Господи, Боже мој, нема ли помош за синот на вдовицата?“ е знак/симбол на масон во неволја; масонот е обврзан со чест да даде помош доколку постои поголема можност да го спаси животот на барателот отколку да го загуби својот.
Современа официјална политика на ЛДС црквата
уредиОд 1925 г. до 1984 г. Големата ложа на Јута го забранила приклучувањето на Последниот ден на Светителите, но ниту една друга Голема ложа не ја следела оваа забрана и мормоните можеле слободно да се приклучат на ложи надвор од Јута. Во 1984 г. Големата ложа на Јута официјално ја изгубила својата анти-мормонска позиција и им дозволила на членовите на ЛДС црквата да се приклучуваат. Денес, не постои формална пречка во Јута или во која било друга Голема ложа што ги спречува мормоните да станат масони.
Претседателството на ЛДС црквата не направило официјална изјава за тоа дали масонството е компатибилно со мормонизмот или не. Сепак, Дон ЛеФевр, поранешен портпарол на црквата изјавил дека црквата „...строго ги советува нејзините членови да не се приклучуваат на организации коишто се тајни, обврзани со заклетва, или ќе предизвикаат тие да изгубат интерес во црковните активности.“ Постојат многу ЛДС масони во Јута и други Големи ложи коишто служат и служеле на различни водачки позиции, вклучувајќи ги Големиот мајстор, други Големи офицери, и почитувани мајстори.
Наводи
уреди- ↑ „Freemasonry and the Church of Latter-Day Saints Founders“. freemasonry.bcy.ca. Посетено на 2022-01-25.
- ↑ Joseph Smith and Masonry | Now You Know (англиски), 18 December 2019, Посетено на 2022-01-25
- ↑ „Tuesday, March 15th, A.L. 5842 AD 1842“. Freemasons Minutebook. MS 3436. стр. 34.
- ↑ „Thursday April 7th, A.L. 5842 A.D. 1842“. Freemasons Minutebook. MS 3436. стр. 37–38.
- ↑ „Friday, April 22nd, A.L. 5842 A.D. 1842“. Freemasons Minutebook. MS 3436. стр. 47.