Жан Калвин

(Пренасочено од Џон Калвин)

Жан Калвин (10 јули 150927 мај 1564) — верски реформатор, основач на Калвинистичката протестантска црква. Протеран од Франција, заминал во Швајцарија и Женева ја претворил во град-црква. Основата на неговото учење била „божествената предодреденост“. Вовел строги норми: ги намалил забавите и театарските претстави, забранил жените да носат обетки и свилени фустани итн., а имотите на манастирите ги конфискувал. Следбениците на Калвиновото учење беа Хугенотите во Франција, а во Англијапуританците. Неговите идеи имале големо влијание во борбата на буржоазијата против феудалците (холандската револуција од 1566-1588 и англиската револуција од 1640-1660).[1]

Жан Калвин

Поврзано

уреди
  1. Фридрих Енгелс, Лудвиг Фојербах и крај класичне немачке филозофије. Култура: Београд, 1947, стр. 65.