Опероса
Опероса — фестивал на оперска и класична музика, кој се одржува секое лето. Фестивалот е посветен пред сѐ на оперското творештво, меѓутоа се изведуваат и оркестарски, камерни, солистички и пејачки рецитали. Овој фестивал се одржува во неколку земји: Бугарија, Србија и Црна Гора, а главното претставништво се наоѓа во Белград. Фестивалот Опероса опера во Црна Гора се одржува од 2014 година.
Историја
уредиФестивалот Опероса е основан 2006 година од финската мецосопранистка Кетрин Хатаја.[1] Првиот фестивал на отворено бил одржан во бугарскиот замок Евксиноград до Варна, со изведување на операта Дон Џовани од Волфганг Амадеус Моцарт.[2][3] Следниот фестивал бил одржан во Народниот театар Иван Вазов во Софија. Во 2009 и 2010 година фестивалот бил повторно одржан во Евксиноград, овој пат со изведба на оперите Човечки глас од Франсис Пуланк[4][5][6] и Ромео и Јулија од Шарл Гуно.[7][8][9]
Во 2011 година, Опероса за првпат била одржана во Белград, во Домот на младината, и ова било прво изведување на оперско дело во овој културен центар. Цела 2012 година била посветена на барокната опера, одржани се и работилници, мајсторски курсеви, а во Коларчевиот народен универзитет, во Белград, и во просторот Бетахаус, во Софија, било изведено делото Пимпиноне на Георг Филип Телеман. Во Херцег Нови, на Вечерите на културата учествувала и Опероса во 2013 година. Во септември 2014 година во Црна Гора била изведена првата голема интернационална оперска продукција на операта Ромео и Јулија од Шарл Гуно.[10][11]
Во 2015 година, Опероса се претставила на публиката во Херцег Нови со изведба на операта Така прават сите од Моцарт, на отворената сцена на тврдината Канли Кула. Освен на Канли Кула, фестивалот се одржувал и на Форте Маре и во стариот град.[12][13] Образовниот програм на Опероса Академијата започнал во 2012 година со соодветни активности во Бугарија, Србија, и Црна Гора. Опероса Академијата дава можности за уметничка надоградба во тек на цела година, со одржување на мајсторски курсеви, работилници, предавања и помали студиски продукции. Со доделување на награди и стипендии, Опероса ги поддржува младите и талентирани уметници.
Опероса е член на здружението на европските оперски академии, и на тој начин таа соработува и разменува млади таленти со познатите и признати европски оперски фестивали. Во ова здружение членови се: Aix-en-Provence Festival, Queen Elisabeth Music Chapel, Aldeburgh Music, Helsinki Festival, La Monnaie, Dutch National Opera, Calouste Gulbenkian Foundation и други.[14]
Од 2017 година на Опероса фондацијата и било одобрено кофинансирање за проект програмата за култура Креативна Европа. Со проектот Young@Opera (Млади во опера), кој Опероса го создала во соработка со партнерите: општина Херцег Нови и Коларчев народен универзитет од Белград, биле претставени музички дела низ Србија, Бугарија и Црна Гора.
Уметници
уредиУметници кои соработуваат со Опероса се: мецосопран Џенифер Лармор, сопран Дарина Такова, алт Маријана Мијановиќ, мецосопран Кетрин Хатаја, сценски дизајнер Џејми Вартан, режисер Џон Ла Бушардиер, режисер Мартин Лојд-Еванс, сценограф и режисер Тим Хопкинс, режисер Сет Јора, сценограф и дизајнер на светло Сајмон Кордер, чембалист и оргулаш Џереми Џозеф, Маестро Ералдо Салмиери, маестро Предраг Госта, сценограф Доменико Франки, Софиска филхармонија, Камерниот оркестар од Варна и Црногорскиот симфониски оркестар.
Претходни продукции
уреди- 2007: Дон Хуан, В. А. Моцарт, Евксиноград, Варна, Бугарија
- 2008: Опера и балет Арабеска, Национален театар Иван Вазов, Софија, Бугарија
- 2009: Човечки глас: Френсис Пуланк, Евксиноград , Варна, Бугарија
- 2010: Ромео и Јулија Шарл Гуно, Евксиноград, Варна, Бугарија
- 2011: Човечки глас: Френсис, Пуланк, Младински центар, Белград, Србија
- 2012: Пимпиноне Георг Филип Телеман, Коларчев народен универзитет, Белград, Србија
- 2012: Пимпиноне Георг Филип Телеман, Бетахаус, Софија, Бугарија
- 2013: Човечки глас: Френсис Пуланк, Вечери на културата, Херцег Нови, Црна Гора
- 2014: Ромео и Јулија Шарл Гуно, Тиват, Црна Гора
- 2015:Така прават сите В.А. Моцарт, Канли Кула Херцег Нови, Црна Гора
- 2015: Аптекар, Јозеф Хајдн, Студентски културен центар Белград, Србија
- 2016 Година: Пепелашка Џоакино Росини, Канли Кула, Херцег Нови, Црна Гора
- 2017: Лоланта Петар Чајковски, Канли Кула Херцег Нови, Црна Гора
- 2018: Кармен Жорж Бизе, Канли Кула Херцег Нови, Црна Гора
- 2019: „Be My Superstar“ – Современа трагедија на Шимон Восечек и Александра Лакроа по текст на Јан Вербург (Парк Дворана, Херцег Нови, Црна Гора)
- 2019: „Сон во летна ноќ“ на Феликс Менделсон Бартолди (Канли Кула, Херцег Нови, Црна Гора)
Други медиуми
уредиВо 2007 година Опероса го издала ЦД дискот наречен Монистра, во соработка со издавачката куќа Orpheus Музика.[15] На дискот се снимени делата на Моцарт, Росини, Хендл, Вивалди и Качини во изведба на Филхармонијата од Софија, на чело со диригентот Најден Тодоров и солисти: мецосопранот Кетрин Хатаја, гитаристот Росен Балкански и Магдалена Василева на чембало.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Операта като модерен бизнес проект“.
- ↑ „Don Giovanni“. www.operosa.org. Архивирано од изворникот на 2019-04-14. Посетено на 2019-04-14.
- ↑ news.bg (2007-06-23). „"Дон Жуан" открива "Опероса Евксиноград"“. News.bg (бугарски). Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „Звезда от Ла Скала идва за "Опероса" - trud.bg“. web.archive.org. 2015-06-23. Архивирано од изворникот на 2015-06-23. Посетено на 2019-04-14.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Опероса 2009 в Евксиноград ще претстави "Човешкият глас" от Франсис Пуленк“. bnr.bg (бугарски). Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „Рада Носикова - изгряващото слънце на Опероса | ViewSofia“. www.viewsofia.com (бугарски). Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „Представят "Ромео и Жулиета" на оперния фестивал "Опероса"“. Varna24.bg (бугарски). 2010-04-28. Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „"Опероса" подготвя четвърти сезон на фестивала в Евксиноград“. old.sliven-news.com. Архивирано од изворникот на 2019-03-27. Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „Откриват четвъртия сезон на оперния фестивал „Опероса" в двореца "Евксиноград" край Варна“. www.moreto.net. Посетено на 2019-04-14.
- ↑ rtcg.me. „Kultura“. RTCG - Radio Televizija Crne Gore - Nacionalni javni servis (Montenegrin). Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „Savremeni ,,Romeo i Julija"“. Zrcalo (англиски). 2014-09-19. Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „Mocartov spektakl u Kanli Kuli 22. avgusta“. www.novosti.rs (српски). Посетено на 2019-04-14.
- ↑ „Mocartova opera "Cosi fan Tutte" na Kanli kuli - Kolektiv.me“. web.archive.org. 2015-12-22. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 2019-04-14.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Ópera. Um mestre e oito alunos numa semana de afinações“. ionline (португалски). Посетено на 2019-04-14.[мртва врска]
- ↑ „ОРФЕЙ МЮЗИК ::: Каталог » Katherine Haataja - Perle“. www.orpheus-music.com. Посетено на 2019-04-14.