Опел Адам
Опел Адам (германски: Opel Adam[1][2]) — мал автомобил кој се произведува од страна на германската марка на автомобили Опел од 2012 година. Името Адам доаѓа од основачот на компанијата Адам Опел. Моделот се продава под најразлични други брендови (особено Воксхал во Велика Британија). Тој бил претставен во Франција на Саемот за автомобили во Париз во 2012 година, со продажба што започнала во почетокот на 2013 година.
Произведувач | Опел |
---|---|
Познат и како | Воксхал Адам (Обединето Кралство) Опел Адам Рокс |
Производство | 2012–2019 |
Год. на модел | 2013–2019 |
Склопување | Германија: Ајзенах |
Класа | мал автомобил (Сегмент-А) |
Вид каросерија | 3-врати хечбек |
Платформа | Платформа GM Fiat |
Мотор | 1.0 L I3 - турбо (бензин) 1.2 L I4 (бензин) 1.4 L I4 (бензин) |
Пренос | 5-брзини (рачно) 5-брзини (полуавтоматско) |
Меѓуоскино раст. | 2,311 mм (91.0 ин) |
Должина | 3,698 mм (145.6 ин) |
Ширина | 1,720 mм (67.7 ин) |
Висина | 1,484 mм (58.4 ин) |
Нетоварена тежина | 1,086–1,135 kg (2,394–2,502 lb) |
Сродни | Опел Корса |
Конструктор | Дарен Лук |
На 10 октомври 2018 година, Опел и неговата британска подружница, Воксхал, објавиле дека ќе ја оптимизираат својата постава на моделот и ќе се фокусираат на сегменти со голем волумен[3].
Според тоа, ниту еден наследник нема да го замени Адам, бидејќи компанијата ја најавила намерата да се фокусира на SUV, особено на новата Опел Мока, како дел од стратегијата за зголемување на продажбата на компанијата од 25% на 40% до 2021 година. На 29 април 2019 година, завршило производството на Адам.
Преглед
уредиАко се земат предвид сите можности за персонализација, Адам може да се нарача во една од 61.000 комбниации за екстериерот или 81.000 за ентериерот. Производството започнало во фабриката Ајзенах во Германија во јануари 2013 година, покрај Корса. Гледан од предната страна, Адам поседува интересно поставене предни светлосни структури кои му даваат привлечен лик на малиот автомобил, а предниот дел кој е ниско до подлогата го прави да изгледа како мала бубачка, подготвена за интересни маневри. Кровната линија која неприродно опаѓа по Б-столбот визуелно значително го скратува Адам и ја нарушува страничната хармонија. Задниот дел е со најмногу компромиси – за да биде вратата од багажниот простор поголема, задните светлосни структури морале да бидат помали. 16-инчни фелни со кои бил опремен тест-моделот ја заокружуваат сликата за мал, тренди и интересен градски автомобил.
На моделот Опел Адам, инженерите посветиле поголемо внимание на ентериерот. Внатрешноста е опремена со комфорни седишта, голем мултимедијален уред со IntelliLink, управувач и менувач обложен со кожа. На предните седишта има доволно простор за возачот и совозачот, но задните седишта се пократки. Одличен додаток е City режимот на серво-управувањето кое дополнително го олеснува вртењето на управувачот и навистина го прави маневрирањето и паркирањето лесно и едноставно. Суспензијата е мека и ги впива сите нерамнини, но резултат на тоа е навалувањето во свиоци. На отворен пат Adam е комфорно место за седење со солидна звучна изолација. Адам се заснова на скратена верзија на платформата Корса D. Хечбекот со три врати е со должина од 3,70 метри и ширина од 1,72 метри, а седиштата се за четири лица.
Сигурност
уредиАдам одлично поентира и кога станува збор за безбедноста – освоените четири ѕвездички на Euro NCAP тестирањата се одличен резултат. Моделот се состои од шест воздушни перничиња, ABS, EBD и уште цела низа други системи се од исклучителна важност.
Награди
уредиОпел Адам ја добил наградата за дизајн на автомобили Red Dot во април 2013 година[4]. Во ноември 2012 година, читателите на „Auto Zeitung“ во Германија гласале за „Опел Адам“ како број еден градски автомобил[5]. На 38-та награди за избор на читатели на трговскиот магазин „Ауто мотор ун Спорт“, автомобилот ја освоил категоријата мини автомобили со 24,2 проценти од гласовите, победувајќи ги Фолксваген Уп (23,9 проценти) и Мини (16,6 проценти)[6].
Мотори
уредиОд претставувањето, имало избор на три мотори: 1,2 L 70PS (124 g / km CO2), и 1,4 L со 87 КС и 100 КС (129 g / km CO2). Сите мотори се достапни во режим ecoFLEX со помала емисија на CO2, 1,2 ecoFLEX со 118 g / km и 1,4s со 119 g / km. Од пролетта 2014 година, Опел вовел 1,0 три цилиндричен SIDI Turbo мотор[7].
Petrol engine | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Модел | Мотор | Зафатнина | Сила | Вртежи | Забелешка | CO2 (g/km) | Year | ||
1.2 ecoFLEX]] S/S | I4 | 1,229 cc | 70 PS (51 kW; 69 hp) @5,600 врт/мин | 115 N•m (85 lb•ft) @4,000 врт/мин | 115 | 2012– | |||
1.4 ecoFLEX S/S | I4 | 1,398 cc | 87 PS (64 kW; 86 hp) @6,000 врт/мин | 130 N•m (96 lb•ft) @4,000 врт/мин | 119 | 2012– | |||
100 PS (74 kW; 99 hp) @6,000 врт/мин | 130 N•m (96 lb•ft) @4,000 врт/мин | 119 | 2012– | ||||||
1.0T SIDI S/S | I3 | 998 cc | 90 PS (66 kW; 89 hp) @4,000-6,000 врт/мин | 170 N•m (130 lb•ft) @1,800-3,600 врт/мин | 99 | 2014– | |||
115 PS (85 kW; 113 hp) @5,000-6,000 врт/мин | 170 N•m (130 lb•ft) @1,800-4,700 врт/мин | 99 | 2014– |
Продажба
уреди„Опел“ планирал да продаде помеѓу 40.000 и 50.000 единици годишно во Европа[8] и продал над 45.000 во својата прва година, иако продажбата сè уште била во почетен режим во првите два месеци од 2013 година. Продажбата се зголемила во првите четири месеци од 2014 година.
Опел Адам не се продава во Данска, Норвешка, Шведска, Турција, Чиле, како и во земјите на ЗНД. Сингапур е еден од ретките пазари надвор од Европа кој го продава Опел Адам[9].
Спецификации
уредиМодел | 1.6 Ecotec 16V |
---|---|
Број на цилиндри | R4 |
Зафатнина на мотор (cm³) | 1,598 |
Сила (kW/PS) | 103/140 at 6,500 |
Вртежи (Nm) | 160 на 4,700 |
Максимална брзина (км/ч) | до 185 |
Резервар | 42 литри |
Цена без VAT | 24,900 EUR |
(Извор: Opel Magazine)
Наводи
уреди- ↑ „Opel ADAM: Just Unique“ (Press release). GM Media Europe. 11 July 2012. Посетено на 5 August 2012.
- ↑ „Opel Junior Opus 2: "REVELATION"“. Ebook.gmeuropearchive.info. Архивирано од изворникот (Adobe Flash) на 11 June 2012. Посетено на 9 May 2012.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-07-07. Посетено на 2019-09-22.
- ↑ „Opel international - Product & Company Information, News, Experience, Excitement“. Архивирано од изворникот на 2015-01-21. Посетено на 15 July 2015.
- ↑ „Double win for Opel: ADAM and Ampera awarded "Auto Trophy"“. Посетено на 15 July 2015.
- ↑ „The Best Cars 2014: Opel ADAM Wins Major Readers' Choice Award“. Посетено на 15 July 2015.
- ↑ „New All-Aluminum 3-Cylinder Turbo Sets Refinement Benchmark“. media.gm.com. Посетено на 15 July 2015.
- ↑ „With Adam, Opel hopes to prove it can build a money-making minicar in Germany“. Automotive News. Посетено на 1 July 2014.[мртва врска]
- ↑ „Opel Adam in Singapore“. Архивирано од изворникот на 2018-10-05. Посетено на 20 August 2018.
Надворешни врски
уреди- Опел Адам на Ризницата
- Official Opel Adam Ireland website Архивирано на 20 ноември 2016 г.