Онрјоо (јап. 怨霊, буквално „одмаздљоубив дух“, понекогаш објаснет и како „гневен дух“),[1] во јапонските традиционални верувања и книжевност, се однесува на дух („јууреи“) за кој се верува дека е способен да предизвика штета во светот на живите, да ги повреди или убие непријателите, па дури и да предизвика природни катастрофи за да ги одмазди или „реши“ гревовите што им биле извршени додека биле живи, а потоа можеле и да им го одземат духот на нивните жртви при умирањето.

Онрјоо од книгита „Кинсеи Каидан Шимојонохоши“.
(近世怪談霜夜星)

Името донекаде се преклопува со [„горјоо“] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help) (御霊), со разликата во тоа што во култот на горјоо, овој дух не е секогаш нужно зол.[1]

Потекло

уреди

Потеклото на онрјоо е нејасно, но верувањето во нивното постоење може да се пронајде уште во VIII век, и се засновало на идејата дека моќните и разгневени души на мртвите можат да влијаат или да им наштетат на живите. Најраните култови кон онрјоо духовите што се развил бел за принцот Нагаја, кој починал во 729 г.;[1] и првиот запис за опседнување од онрјоо дух кој влијаел на здравјето се наоѓа во хрониката Шоху Нихонги (797 г.), во кој се наведува дека душата на „Фуџиуара Хироцугу (藤原広嗣) го повредил Генбоо (будустички монах) до смрт“ (Хироцугу загинал во неуспешното востание, именувано како „Фуџиуара но Хироцугу бунт“, откако не успеал да го отстрани од власт неговиот соперник, свештеникот Генбоо).[2][3]

Одмазда

уреди

Традиционално, во Јапонија, се сметало дека онрјоо водени од одмазда можат да предизвикаат смрт на нивниот непријател, како што е во случајот на одмаздољубивиот дух на Хироцугу, кој бил одговорен за убиството на свештеникот Генбоо,[4] но исто така биле способни да предизвикаат природни катастрофи како земјотреси, пожари, бури, суша, глад и помор, како е во случајот со духот на принцот Сауара кој бил огорчен од неговиот брат, Императорот Канму.[5] Вообичаено, ваквата одмазда предизвикана од натприродни суштества или сили се нарекува tatari (祟り).[1]

Императорот Канму го обвинил неговиот брат Сауара, можеби лажно, за заговор против него за како соперник на престолот, по што тој бил прогонет, и починал од постење. Причината што Императорот ја преселил престолнината во Нагаока-кјоо оттаму во Кјото, во обид да го избегне гневот на духот на неговиот брат, според мислењето на голем број научници.[5] Ова не успеало целосно, па императорот го прекинал проклетството смирувајќи го духот на неговиот брат со извршувањето на будистички обреди за да му оддаде почит и да му ја додели на принцот Сауара титулата на Император, посмртно.

Еден добро познат пример на смирување на онрјоо дух е во случајот на Сугауара но Мичизане, кој бил политички посрамен и починал во егзил. Се верувало дека тоа предизвикало смрт на неговите протвници набрзо, како и катастрофи (особено штети од громови), а судот се обидел да го смири гневниот дух враќајќи му го стариот ранг и позиција на Мичизане.[1] Тој станал обожуван во Тенџин култот, а биле подигнати и Тенман-гуу светилишта за него.

Примери

уреди

Можеби најпознатиот онрјоо е Оиуа, од народната приказна Јоцуја Каидан. Во оваа приказна сопругот останува неповреден; сепак, тој е целта на одмаздата на онрјоо духот. Одмаздата на Оиуа кон него не е физичката казна, туку психолошките маки.

Други примери ги вклучуваат приказните:

  • Како сопругата на мажот станала одмаздољубив дух и како нејзината злонамерност била пренасочила од Врач
Во оваа приказна од средновековната колекција, Конџаку Моногатаришуу, напуштена сопруга е пронајдена мртва, со нејзината коса сè уште не падната од нејзината глава, заедно со нејзините коски кои сè уште останале споени. Мажот, стравувајќи од одмаздата на нејзиниот дух, бара помош од духовник или врач (陰陽師, [онмјооџи] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help)). Сопругот во ритуалот мора да ја фати нејзината коса и да го јава нејзиниот труп. Таа потоа се жали на големиот товар и ја напушта куќата за да „оди во потрага“ (најверојатно по мажот), но по еден ден таа се откажува и се враќа, по што врачот е во состојба да го заврши својот егзорцизам фрлајќи и магија.[6][7]
  • Прекршено ветување
Во оваа приказна од областа Изумо запишана од Лафкадио Херн, еден самурај и ветува на својата сопруга на смртна постела, дека никогаш нема да се ожени повторно. Наскоро го прекршува ветувањето, а нејзиниот дух доаѓа прво да го предупреди, а потоа да ја убие неговата млада невеста, откинувајќи и ја главата. Чуварите што биле заспани го бркаат привидот и со еден удар на мечот додека читаат будистичка молитва, го уништуваат.[8]

Во медиумите

уреди

Онрјоо е главна карика на Ј-хорор жанрот, а најзначајни и најпознати духови се Садако Јамамура и Кајако Саеки од Прстенот и Џу-Он франшизите. Ликовите во овие дела се скоро исклучиво жени на кои им биле направени неправди во животот, кои се враќаат како онрјоо вршејќи хаос врз живите, за на крајот да се преродат.

Хисако (久子, „Вечно дете“ или „бесконечно дете“) од третиот дел од борбената игра Killer Instinct (Убиствен Инстинкт), е орјоо која починала при одбраната на своето село. Таа сè уште го прогонува своето старо село и му се одмаздува на секој што ќе ги сквернави нејзините урнатини со нејзината нагината. Таа има бледа кожа и долга црна коса, како и повеќето онрјоо.[9]

Духот на Синтија Веласкес од преживувачката хорор игра Silent Hill 4: The Room (Тивок рид 4: Собата), многу наликува на онрјоо дух.

Во есента 2018 година, за асиметричната хорор игра Dead by Daylight (Мртов до Зори), е објавено DLC (содржини за симнување) поглавјето Shattered Bloodline (Распарчена Крвна Линија), а заедно со него и ликот Рин Јамаока, „Духот“. Духот е онрјоо кој се враќа од мртвите, откако била брутално убиен од страна на нејзиниот татко.

Физички изглед

уреди

Традиционално, онрјоо и другите јууреи духови немаат посебен изглед. Сепак, со зголемувањето на популарноста на јапонскиот Кабуки театар за време на Едо периодот, се развил специфичен онрјоо костум.

Екстремно визуелен по природа, и со еден глумец кој често зазема различни улоги во рамките на претставата, Кабуки театарот развил систем на визуелни показатели што ѝ овозможуваат на публиката веднаш да открие кој лик е на сцената, како и да ги потенцира емоциите и изразите на глумецот.

Костимот на духови се состои од три главни елементи:

  • Бело погребно кимоно, [широшоозоку] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help) (白装束) или [шинишоозоку] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help) (死に装束);
  • Дива, бушава долга црна коса;
  • Шминка за лице која се состои од бела основа (оширои), комбинирана со бои за лице (кумадори) од сини сенки (藍隈, [аигума] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help)), слично како што негативците се прикажани во Кабуки уметноста на шминкањето.[10][11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Grappard, Allan G. (1988), „Religious practices“, Во Hall, John Whitney (уред.), The Cambridge History of Japan, 2, стр. 559–, ISBN 978-0521223539
  2. For a source that identifies Hirotsugu as onryō, see:Suzuki 2011
  3. A source that gives Hirotsugu as first example on record of "etiological possession" is McCullough 1973
  4. McCullough, William H. (1973), Ōta (уред.), „Spirit Possession in the Heian Period“, Studies on Japanese Culture (日本文化研究論集), 1: 97; (Also printed in Nihon Bunka Kenkyū Kokusai Kaigi gijiroku (日本文化研究国際会議議事錄) (Volume 1, 1973, pp. 350- (p.356)
  5. 5,0 5,1 Suzuki, Yui (2011). Medicine Master Buddha: The Iconic Worship of Yakushi in Heian Japan. BRILL. стр. 29–31. ISBN 978-9004196018.
  6. Jones, S. W. (translator), уред. (1959). Ages ago; thirty-seven tales from the Konjaku monogatari collection (snippet). Harvard University Press. стр. 72.
  7. One of the texts cited by Jones: Haga, Yaichi (芳賀矢一), уред. (1921), 攷証今昔物語集 (Kōshō konjaku monogatari shū), 3 (下): 106 Отсутно или празно |title= (help); |chapter= е занемарено (help)
  8. Hearn, Lafcadio (1901), „Of a Promise Broken“, A Japanese miscellany, Little, Brown, стр. 15–26
  9. „Hisako“. 2016-12-12.
  10. 日本博学倶楽部 (2005). 「通」になれる古典芸能を楽しむ本: 落語・歌舞伎から能・狂言まで. PHP研究所. стр. 57. ISBN 978-4569665498.
  11. Parker, Helen S. E. (2006). Progressive Traditions: An Illustrated Study of Plot Repetition In Traditional Japanese Theatre. BRILL. стр. 87. ISBN 978-9004145344.CS1-одржување: ref=harv (link)

Библиографија

уреди
  • Iwasaka, Michiko and Toelken, Barre. Ghosts and the Japanese: Cultural Experiences in Japanese Death Legends, Utah State University Press, 1994. ISBN 0-87421-179-4

Надворешни врски

уреди