Онан
Онан (библиски хебрејски: אוֹנָן, грчки: Αυνάν) — личност опишана во Библијата, вториот син на Јуда (предокот на племето Јуда) и внук на патријархот Јаков, кој бил казнет од Бога со смрт поради избегнување на обврските од левитскиот брак, односно обврската да се ожени со вдовицата на својот починат постар брат.[1] По смртта на најстариот син на Јуда, Онан, според левитската традиција, бил должен да се ожени со вдовицата Тамара, за да може таа да роди наследник што ќе се смета за првороден од најстариот син. Кога Онан имал однос со жената на својот брат, го истурил своето семе на земја за да избегне зачнување (Бит. 38:9). Поради тоа ја добил Божјата казна — смрт.[2][3]
Според неговото име се создал изразот „онанија“, кој погрешно се поврзува со појавата на мастурбација, иако, според сведоштвото на Стариот завет, Онан всушност практикувал предвремено прекинување на половиот однос.
Наводи
уреди- ↑ Genesis 38
- ↑ Patton, Michael S. (1986). „Twentieth-Century Attitudes Toward Masturbation“. Journal of Religion and Health. 25 (4): 291–302. doi:10.1007/BF01534067. ISSN 0022-4197. JSTOR 27505893. PMID 24301692. S2CID 2994906.
The story of Onan in Genesis 38:7-10 has been the basis of the condemnation of masturbation by Jewish and Christian theologians. Biblical scholars universally agree that the Onan story is a gross misconception of masturbation, since Onan's sexual activity was not masturbation but coitus interruptus.
- ↑ Coogan, Michael David; Brettler, Marc Zvi; Newsom, Carol A.; Perkins, Pheme, уред. (2018). The new Oxford annotated Bible : New Revised Standard version with the Apocrypha (Fully revised fifth. изд.). New York, New York. ISBN 978-0-19-027609-6. OCLC 1006596851.
Onan's death is attributed to his refusal to perform this duty of impregnating Er's widow, Tamar, probably by coitus interruptus (rather than "onanism," masturbation).
Надворешни врски
уреди„Онан“ на Ризницата ? |