Јуда (син на Јаков)
Јуда (хебрејски: יהודה) — четвртиот син на Јаков од Лија, основачот на Јудејското племе. Имал син — Фарес. Тој бил внук на Исак и правнук на Авраам. Апостол Лука го спомнува како предок на Јосиф во Родословието на Исус Христос.
Приказна
уредиЈуда бил четвртиот син на патријархот Јаков од неговата прва жена Лија. Неговите браќа се: Рувен, Симон (или Симеон), Леви, Исахар и Завулон. Браќата биле алчни спрема Јосиф бидејќи тој бил најстариот син од жената на Јаков, Рахила, која ја сакал повеќе од Лија. Еден ден Јосиф бил испратен од татко му да ги посети своите браќа на полето. Го пречекале и го фрлиле во длабока јама без вода. Дошле трговци, а браќата го извадиле Јосиф од јамата и го продале на трговците. Му посипувале јарешка крв по облеката и му кажале на татко му дека ѕверовите го растргнале.
Јуда се оженил и имал три сина: Ир, Онан и Шела. Подоцна имал две близнаци: Фарес и Зара, кои ги родила Тамара. Фарес бил предок на јудејскиот цар Давид.
Во тоа време, Јосиф се искачил на положбата на најважниот човек во Египет. 20 години откако Јосиф бил продаден во ропство, во Ханан дошол глад. Јаков ги испратил своите деца (освен Венијамин) во Египет да донесат храна. Тие побарале од Јосиф храна, но не препознале дека е тој. Тој им рекол да го доведат Венијамин, најмладиот брат, а Симон го држел во затвор. Таткото со тешко срце им го дал Венијамин да го однесат во Египет. Тие ја земаат храната, а Јосиф скришно им става сребрена чаша во вреќите, потоа ги запира и го обвинува за кражба. Јуда се нуди да биде одведен во затвор, но бидејќи Јосиф видел дека браќата повеќе не се расипани, им открива дека тој е нивниот брат што бил продаден на трговците пред 20 години и го пушта Симон од затвор. Потоа целото семејство се преселило во Египет.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ According to the Talmud, Judah's confession atoned for some of his prior faults, and itself resulted in him being divinely rewarded by a share in the future world (Sotah 7b) that he had used a prostitute. Tamar's sons by her father-in-law were the twins Pharez and Zerah, the fourth and fifth sons of Judah. Pharez in turn was an ancestor of David. (Genesis 38:1-30)
- ↑ Genesis 42:24, Предлошка:BibleVerse-nb
Надворешни врски
уреди„Јуда (син на Јаков)“ на Ризницата ? |