Одо (на фр. Eudes; ~ 860–1 јануари 898) бил крал на Западна Франкија, кој владеел од 888 до 898. Тој бил син на Роберт Силниот, гроф од Анжу, чие семејство е познато како Робертини.

Одо
Крал на Западна Франкија
На престол888–898
Крунисувањефевруари 888, Компиењ
ПретходникКарло Дебелиот
НаследникКарло III
Роден(а)c.860
Починал(а)1 јануари 898
Ла Фер, Франција
ДинастијаРобертини
ТаткоРоберт Силниот
МајкаАделаида од Тур

Одо е исто така познат како војвода од Франција и гроф од Париз.

Потекло

уреди

Одо бил постариот син на Роберт Силниот, војвода на Франките и маркиз на Неустрија, кој припаѓал на лозата позната под името Робертини. По смртта на неговиот татко во 866, Одо ја наследил татковата титула маркиз на Неустрија. Одо ја изгубил оваа титула во 866 кога кралот Карло Ќелавиот таа титула му ја дал на Иго Опатот, но повторно ја стекнал по смртта на Иго. Во меѓувреме, меѓу 882 и 883, ја задржал позицијата гроф на Париз. Одо исто така имал власт врз опатијата Сен-Мартен од Тур.[1][2]

Одо се оженил со Теодора од Троа и имал два сина, Арнулф (роден веројатно околу 885) и Ги (роден веројатно околу 888), но ниту еден од двајцата не живеел повеќе од 15 години.

Крал

уреди
 
The Крунисувањето на Одо, од Големите француски хроники
 
Романтична слика (1883) на Одо кој го освојува Прис јавајќи преку опсадите

Поради неговата умешност и храброст во отпорот против нападите на Норманците при Опсадата на Париз, Одо од страна на западните Франки бил избран за нивни крал после отстранувањето на императорот Карло Дебелиот. Тој бил крунисан во Компиењ во февруари 888 од страна на Волтер, архиепископот на Сенс.[3]

Одо продолжил да се бори со Нормандците и ги поразил кај Монтфокон, но наскоро бил вмешан во битка со моќни аристократи кои го поддржувале барањето на Карло Едноставниот за добивање на престолот на Франкија.

Во 889 и 890 Одо доделил посебни привилегии на Грофовија од Манреза во Озона. Поради нејзината позиција на првата борбена линија против нападите на Маврите, на Манреза ѝ било дадено право да гради одбранбени кули познати како манрезани (manresanas или manresanes). Оваа привилегија овозможила Манреза да добие свој посебен карактер, различен од остатокот на Озона, во тек на следните два века.

За да стекне углед и моќ, Одо плаќал придонес на источните Франки и кралот Арнулф Корушки. Но во 894 Арнулф дал поддршка на Карло, и после конфликт кој траел три години, Одо бил принуден да се потчини на условите на својот противник и да му го предаде северниот дел на Сена.

Одо умрел во Ла Фер на 1 јануари 898

Наводи

уреди
  1. Ernest Lavisse, Histoire de France, tome ii. (Paris, 1903)
  2. E. Favre, Eudes, comte de Paris et roi de France (Paris, 1893)
  3. Gwatking, H. M., Whitney, J. P., et al. Cambridge Medieval History: Volume III—Germany and the Western Empire. Cambridge University Press: London, 1930.

  Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)

Претходник
Карло Дебелиот
Крал на Западна Франкија
887–898
Наследник
Карло III