Огист Шарлоа

француски астроном
Откриени астероиди: 99 [1]
погл. Огист Шарлоа § Белешки

Огист Оноре Шарлоа (француски: Auguste Honoré Charlois; 26 ноември 186426 март 1910) — француски астроном кој открил вкупно 99 астероиди работејќи во Ница.

Огист Шарлоа
Родната куќа на Шарлоа во Ла Кадјер д’Азир
Роден(а)26 ноември 1864(1864-11-26)
Ла Кадјер д’Азир
Починал(а)26 март 1910(1910-03-26) (возр. 45)
Ница
НационалностФранцузин
Занимањеастроном
Награди„Жил Жансен“
Валзова награда

Првиот астероид што го открил бил 267 Тирца во 1887 г. Го фотографиал 433 Ерос истата вечер кога е откриен од Густав Вит, не не можел да го објави откритието побргу од него.

Кон 1891 г. Макс Волф ја вовел астрофотографијата како метод на забележување на астероиди, и со тоа драстично ја забрзал стапката на нивното откривање. Со ова, Волф и Шарлоа независно откриле многу повеќе астероиди отколку што би било можно со просто набљудување преку телескоп.

На возраст од 46 години Шарлоа бил убиен од братот на првата жена, кој сакал да му се освети бидејќи се преженил. За ова бил осуден на доживотна тешка робија во Нова Каледонија.

Во негова чест е наречен астероидот 1510 Шарлоа.

Откриени астероиди

уреди
267 Тирца 27 мај 1887
272 Антонија 4 февруари 1888
277 Елвира 3 мај 1888
282 Клоринда 28 јануари 1889
283 Ема 8 февруари 1889
284 Амалија 29 мај 1889
285 Регина 3 август 1889
289 Ненета 10 март 1890
293 Бразилија 20 мај 1890
294 Фелиција 15 јули 1890
296 Фаетуса 19 август 1890
297 Цецилија 9 септември 1890
298 Баптистина 9 септември 1890
300 Гералдниан 3 октомври 1890
302 Клариса 14 ноември 1890
305 Гордонија 16 февруари 1891
307 Ника 5 март 1891
310 Маргарита 16 мај 1891
311 Клаудија 11 јуни 1891
312 Пјерета 28 август 1891
314 Розалија 1 септември 1891
316 Гоберта 8 септември 1891
317 Роксана 11 септември 1891
318 Магдалена 24 септември 1891
319 Леона 8 октомври 1891
327 Колумбија 22 март 1892
331 Етериџија 1 април 1892
336 Лакадиера 19 септември 1892
337 Девоса 22 септември 1892
338 Будроса 25 септември 1892
344 Дезидерата 15 ноември 1892
345 Терцидина 23 ноември 1892
346 Херментарија 25 ноември 1892
347 Паријана 28 ноември 1892
348 Мај 28 ноември 1892
349 Дембровска 9 декември 1892
350 Орнамента 14 декември 1892
354 Елеонора 17 јануари 1893
355 Габриела 20 јануари 1893
356 Лигурија 21 јануари 1893
357 Нинина 11 февруари 1893
358 Аполонија 8 март 1893
359 Георгија 10 март 1893
360 Карлова 11 март 1893
361 Бононија 11 март 1893
362 Хавнија 12 март 1893
363 Паадова 17 март 1893
364 Изара 19 март 1893
365 Кордуба 21 март 1893
366 Винцентина 21 март 1893
367 Амицитија 19 мај 1893
368 Хајдеја 19 мај 1893
370 Модестија 14 јули 1893
371 Бохемија 16 јули 1893
372 Палма 19 август 1893
373 Мелузина 15 септември 1893
374 Бургундија 18 септември 1893
375 Урсула 18 септември 1893
376 Геометрија 18 септември 1893
377 Кампанија 20 септември 1893
378 Холмија 6 декември 1893
379 Хуена 8 јануари 1894
380 Фидуција 8 јануари 1894
381 Мира 10 јануари 1894
382 Додона 29 јануари 1894
383 Јанина 29 јануари 1894
388 Харибда 7 март 1894
389 Индустрија 8 март 1894
395 Делија 30 ноември 1894
396 Еолија 1 декември 1894
397 Виена 19 декември 1894
398 Адмета 28 декември 1894
400 Дукроза 15 март 1895
402 Хлоја 21 март 1895
403 Кијана 18 мај 1895
404 Арсиноја 20 јуни 1895
405 Тија 23 јули 1895
406 Ерна 22 август 1895
409 Аспасија 9 декември 1895
410 Хлорида 7 јануари 1896
411 Ксанта 7 јануари 1896
414 Лириопа 16 јануари 1896
416 Ватикана 4 мај 1896
423 Диотима 7 декември 1896
424 Грација 31 декември 1896
425 Хорнелија 28 декември 1896
426 Хипон 25 август 1897
427 Галена 27 август 1897
429 Лотида 23 ноември 1897
430 Хибрида 18 декември 1897
431 Нефела 18 декември 1897
432 Питија 18 декември 1897
437 Родија 16 јули 1898
438 Зауксо 8 ноември 1898
441 Батилда 8 декември 1898
451 Пациенција 4 декември 1899
453 Теја 22 февруари 1900
498 Токио 2 декември 1902
537 Паули 7 јули 1904

Наводи

уреди
  1. „Minor Planet Discoverers (by number)“. Minor Planet Center. 20 јуни 2016. Посетено на 7 август 2016.

Надворешни врски

уреди