Овамбоански јазик
(Пренасочено од Овамбо јазик)
Овамбоански јазик (Oshiwambo), познат и како овамбо или амбо — банту-јазик кој е мајчин јазик на Овамбоанците во Ангола и Намибија. Стандардниот јазик се заснова на квањамскиот и ндонганскиот дијалект. Овамбоанскиот е најголем јазик во Намибија[2], а во Ангола е признат како национален јазик, поточно признати се неговите два пишани дијалекта (квањамски и ндонгански) како национални јазици. Овамбоанскиот е сроден со херерскиот и химбанскиот.
Овамбоански јазик | |
---|---|
Oshiwambo Oshiwambo | |
Застапен во | Ангола, Намибија |
Народ | Овамбоанци |
Говорници | 1.441.000 (2014)e18 |
Јазично семејство | |
Стандардни облици | квањамски
ндонгански
|
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | kj, ng |
ISO 639-2 | [[ISO639-3:Предлошка:ISO 639-2, Предлошка:ISO 639-2|Предлошка:ISO 639-2, Предлошка:ISO 639-2]] |
ISO 639-3 | Разни: kua — квањамски ndo — ндонгански kwm — квамбиски lnb — мбаланхуански nne — нганџерски |
Гатриев код | R.20 (R.21–24,211–218,241–242)[1] |
Ambo | |
лице | Omuwambo |
народ | Aawambo, Ovawambo |
јазик | Oshiwambo |
држава | Owambo, Ouwambo |
Дијалекти
уредиЈазикот има осум дијалекта, вклучувајќи ги и двата пишани стандарда: квањамски и ндонгански.Во прилог се дијалектите, но и зборовните класи на дијалектите (важна одлика за банту-јазиците):[3]
Област | Олеме | Дијалект | Место |
---|---|---|---|
Класа 9 (*ny > on-), 11 (uu-/ou-) | Класа 2 (*wa-, a-) | Класа 7 (*ki > oshi-) | |
ондонга | Андонга | Ндонг] | јужен Овамболенд |
Уквамби | Аквамби | Квамби | централен Овамболенд |
Онганџера | Анганџера | Ошинганџера | централен Овамболенд |
Уквалуди | Аквалуди | Ошиквалуди | западен Овамболенд |
Омбаланху | Амбаланху | Ошимбаланху | западен Овамболенд |
Уколонкади | Аколонкади | Ошиколонкади | западен Овамболенд |
Оуквањама | Оваквањама | Квањама | северен и источен Овамболенд, Ангола |
Еунда | Унда | Ошиунда | Епалела |
Според Махо (2009) јазикот е составен од следните дијалекти:[1]
- Квањама
- Кафима
- Евале
- Мбанџа
- Мбаланху
- Ндонгвена
- Кванква
- Домбондола
- Есинга
- Ндонга
- Квамби
- Нданџера
- Квалуди
- Колонкади-Еунда
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
- ↑ „New African Frontiers“. Архивирано од изворникот на January 30, 2009. Посетено на May 16, 2009.
- ↑ Toivo Emil Tirronen: Ndonga-English Dictionary. Oshinyanyangidho shongeleki ELCIN. Oniipa, 1986.