Об (река во Франција)

река во Франција

Об (француски: Aube - Зора) — река во североисточна Франција, десна притока на Сена. Долга е 248 км, а сливот зафаќа површина од околу 3.600 км2[1]. По неа е наречен департманот Об.

Об
Изворно имеAube  (француски)
Местоположба
Земја Франција
Физички особености
Извор 
 • местоЛангр, Горна Марна
 • координати47°45′37″N 5°07′29″E / 47.7602° СГШ; 5.1247° ИГД / 47.7602; 5.1247 (извор на Об)
Устие 
 • место
Сена
 • координати
48°33′26″N 3°43′03″E / 48.5572° СГШ; 3.7175° ИГД / 48.5572; 3.7175 (утока на Об во Сена)
Должина248 км
Големина на сливот3.600 км2
Проток 
 • просечен34 м3
Особености на сливот
ТечениеСенаЛаманш
Изворот на Об.
Об во Бар на Об.

Извира на висорамнината Лангр кај селото Оберив во департманот Горна Марна. Тече низ департманите Горна Марна, Златен Брег, Об и Марна, па на крај се влева во Сена кај Марсији на Сена. По своето течение, минува низ градовите Бар на Об и Арси на Об.

Поважни притоки

уреди
  • Обет
  • Ожон
  • Ландон
  • Воар
  • Раве
  • Мелдансон
  • Пуит
  • Уитрел
  • Ербисон
  • Барбуиз
  • Салон
  • Сиперб

Течение

уреди

Об тече низ следниве населени места (наведени под нивните департмани):

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Информации за Об на базата „Сандр“ Архивирано на 27 ноември 2020 г. (француски)

Надворешни врски

уреди
  •   Об на Ризницата ?
  • За реката Об — Речник на реките и каналите во Франција (француски)