Образованието во Словенија

Образованието во Словенија од основно до средно образование е регулирано од националниот Завод на Република Словенија за образование (ЗРСО) чиј делокруг вклучува образовни програми, испорака и развој.

Дипломирани студенти од Alma Mater Europaea, Марибор, фрлајќи капи во воздух на церемонијата на дипломирање.

Основно училиште

уреди

Децата прво влегуваат во основно образование на возраст од 5 години, ако се родени по 1 септември и на возраст од 6, ако се родени пред и завршуваат на возраст од 14 или 15 години. Секоја група деца родени во иста година образува едно одделение или паралелка во основното училиште кое трае до крајот на основното училиште. Секое одделение или година е поделено во две полугодија. Еднаш или двапати по полугодие, децата имаат празници: есен, Божиќ, зимски и првомајски празници; секој празник трае приближно една недела. Во лето училиштето завршува на 24 јуни, училишните распусти се летен (2 месеци), есенски, божиќни и новогодишни празници и првомајски празници.

I-V одделение

уреди

Децата од прво до петто одделение остануваат во една училница, имаат еден предмет и еден наставник. Во некои училишта, физичко, ликовно и музичко се изучуваат од посебни наставници или се надгледувани од соодветен наставник. На почетокот на првата година, надзорниот наставник му помага на класниот наставник да ги води помладите ученици во новиот систем. Учениците започнуваат со читање, пишување и броење. Децата учат на нивниот мајчин јазик (словенечки, унгарски или италијански, во зависност од местото на нивното школување), математика, природни и општествени науки, музичко, физичко образование и ликовно. Во прво одделение почнуваат да го учат својот прв странски јазик, кој обично е англиски.

VI-IX одделение

уреди

Од шесто до деветто одделение од основното образование започнува со шесто одделение кога децата се распоредуваат на нови наставници. Класниот учител предава еден или два предмети, сите други ги учат други специјализирани наставнци. Главните предмети се математика, словенечки (како мајчин јазик), еден странски јазик

(англиски, италијански или унгарски), физичко образование, музика, географија, историја и уметност. Подоцна во овој период во наставната програма се додаваат физика, хемија, биологија, етика и занает. Во седмо, осмо и деветто одделение задолжително избираат најмалку два часа изборни предмети, а можат да изберат и незадолжителен трет час. Со околу четириесет за избор, понудените предмети вклучуваат странски јазици, астрономија, ликовно, филозофија, информатика итн.

Оценување

уреди

Оценките се исти како и во другите земји кои и припаѓале на Југославија пред 1991 година. Во основно училиште оценките започнуваат со 1 (недоволно) и е единствената оценка за неуспех. Вториот е 2 (доволно), следниот е 3 (добро), потоа 4 (многу добар) и најдобриот е 5 (одличен).

Завод на Република Словенија за образование

уреди

Завод на Република Словенија за образование (Zavod Republike Slovenije za Šolstvo - ZRSŠ) е главната државна организација во Словенија која го поттикнува развојот на полето на образованието во Словенија до предфакултативна возраст – опфаќајќи ги сите градинки, основни училишта, средни училишта, музички училишта и студентски интернати.

Високо образование

уреди

Матурантите можат да влезат во една од установите за високо образование (универзитет, ликовна академија на факултет или стручен колеџ).[1] Во моментов има три државни универзитети во Словенија: Универзитетот во Љубљана, Мариборскиот универзитет и Универзитетот во Приморска. Други установи за високо образование во Словенија ги вклучуваат Универзитетот во Нова Горица, Евро-средоземниот универзитет во Словенија и други.[2] Според рангот на АРУС, Универзитетот во Љубљана е меѓу најдобрите 500 универзитети во светот.

Наводи

уреди
  1. „Higher education in Slovenia“.
  2. „System of higher education in Slovenia“. Архивирано од изворникот на 11 јануари 2017.