Обичен шакал

(Пренасочено од Обичен чакал)
Обичен шакал
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Месојадци
Семејство: Кучиња
Род: Волци
Вид: Обичен шакал
Научен назив
Canis aureus
Линеј, 1758

Обичен шакал (Canis aureus), наречен и златен шакал — мал шакал кој живее на територијата на Република Македонија, а е со потекло од северна и централна Африка и јужна Азија. Живее од 7 до 9 години во дивина, но може да живее до 16 во заробеништво.

Изглед

уреди

Обичниот шакал има златесто-жолто крзно со бел белег на вратот, но бојата може да се разликува со годините, регионот и годишното време како во зима кога тоа темнее. Должина на телото: 70-85 см, висина: 40 см. Тежи од 8 до 10 кг. Мажјаците се поголеми од женките.

Животна средина

уреди

Обичниот шакал живее на Балканот, до Тајланд и Шри Ланка, Мароко до Египет и северна Танзанија. Претпочитаат суви отворени предели со треви и дрва.

Исхрана

уреди

Шакалот лови во парови бидејќи тој лов кај нив е трипати поуспешен од поединечниот. Исхраната им варира - птици, глодачи, риба, млади газели, овошје. Често го следи лавот и други големи мачки за да ги јаде остатоците.

Однесување

уреди

Обичниот шакал живе во мали семејни единици кои се состојат од мајка, татко и извесен број на млади кои имаат за задача да бидат „помагачи“. „Помагачите“ живеат со родителите една година по достигнувањето на полова зрелост за да помагаат со грижата за новите млади. Се парат доживотно. Тие заедно ловат, бранат територија, делат храна и раѓаат млади.

Размножување

уреди

Мајката е бремена 9 недели, по што раѓа шест до девет млади. При раѓање тежат 200-250 г. За време на бременоста, мажјакот лови и носи храна за женката.

Наводи

уреди
  1. Jhala, Y; Moehlman, P. D. (2008). Canis aureus. IUCN Red List. Version 2018-1. International Union for Conservation of Nature. doi:10.2305/IUCN.UK.2008.RLTS.T3744A10054631.en
  • Canis aureus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 5 мај 2006.