Јазлест струпник

вид растение
(Пренасочено од Обичен струпник)

Јазлест струпник или обичен струпник (научScrophularia nodosa) — повеќегодишно зелјесто растение од семејството на струпниците (Scrophulariaceae). Вирее во умерените краишта на северната полутопка со исклучок на западна Северна Америка.[1] Расте на влажно и запуштено обработливо земјиште.[2] Растението е присутно и во Македонија.[3]

Јазлест струпник
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Струпници
Род: Струпник
Вид: Јазлест струпник
Научен назив
Scrophularia nodosa
L.
Ботаничка илустрација

Раст

уреди

Расте право на квадратни месести стебла до висина од 150 см и има хоризонтално корениште. Листовите се спротивставени, јајцевидни во основата и копјести кон врвот, сите со назабени рабови. Цветовите се сместени во лабави класовидни соцветија со облик на издолжени или пирамидални метлички. Поединечните цветови се топчести, со по пет зелени чашкини ливчиња околу зелени или виолетови венечни ливчиња и јајцевидна семена чаура.[4]

Фосилни наоди

уреди

Семињата на јазлестиот струпник се пронајдени во потстепенот IIIa од средниот плеистоцен.[5]

Во традиционалната медицина

уреди

Според учењето за сигнатурите, се сметало дека растението може да ја излечи туберкулоза на лимфните жлезди на грлото поради грлениот облик на неговите цветови.[6]

Наводи

уреди
  1. Mills, S., The Complete Guide to Modern Herbalism, Thorsons, Great Britain, 1994.
  2. PLANTS Profile for Scrophularia nodosa (woodland figwort) | USDA PLANTS
  3. „Occurrence 1949961323“. GBIF. Посетено на 13 ноември 2023.
  4. „Figwort“. Архивирано од изворникот на 23 септември 2015. Посетено на 3 мај 2007.
  5. The History of the British Flora, A Factual Basis for Phytogeography by Sir Harry Godwin, Cambridge University Press, Cambridge, ISBN 0 521 20254 X, 1975 edition page 318
  6. „Figwort“. Архивирано од изворникот на 5 јуни 2011. Посетено на 11 септември 2017.

Надворешни врски

уреди