ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ (во минатото: Основно училиште „Стив Наумов“; официјално: Основно општинско училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница; скратено: ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“) — централно основно училиште во селото Пласница, Општина Пласница.[1] Училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селото Пласница и селото Преглово.

Мустафа Кемал Ататурк
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Пласница
Наречено по: Мустафа Кемал Ататурк
Нас. место: Пласница
Адреса: с. Пласница
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: турски
Контактни информации
Е-пошта mustafakemal.ataturk@yahoo.com
Телефон 045/287-711
Факс 045/287-711

Денес, училиштето е именувано по основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Стив Наумов.

Местоположба

уреди

Објектот на училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селата Пласница и Преглово.

Настава

уреди

Во училиштето наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.

Градба

уреди

Училиштето било целосно обновено во 2014 година со околу 300.000 евра помош од страна на турската владина агенција ТИКА.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
  2. „Невработеноста најголема закана за Пласница“. Радио Слободна Европа. Посетено на 2020-10-15.