ОУ „Св. Климент Охридски“ - Охрид

основно училиште во Охрид

Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Охрид; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во градот Охрид, Општина Охрид.[1]

Свети Климент Охридски
Поглед на училиштето (2023 г.)
Поглед на училиштето (2023 г.)
Поглед на училиштето (2023 г.)
Место
Општина: Општина Охрид
Наречено по: Свети Климент Охридски
Нас. место: Охрид
Адреса: ул. „Климентов Универзитет“, бб
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Е-пошта svklimentohridski108@yahoo.com
Телефон 046/260-212
Факс 046/260-212
Зграда на ОУ „Климент Охридски“
Карта
Општи податоци
Координати41°6′51.81″N 20°47′47.98″E / 41.1143917° СГШ; 20.7966611° ИГД / 41.1143917; 20.7966611
Почната1979
Завршена1979
Проектирање и изградба
АрхитектПавел Балабанов

Местоположба

уреди

Се наоѓа во старото јадро на градот Охрид, на ридот Дебој.

Историја

уреди

Училиштата зграда била градена и завршена во 1979 година. За изградбата на училиштето, Павел Балабанов ја добил престижната Награда „Борба“ во 1980 година, за најдобро архитектонско остварување во Југославија, како и републичката Награда за најуспешно архитектонско остварување. Проектот на училишната зграда бил публикуван во огромен број на списанија и весници.[2]

Архитектура на училишната зграда

уреди

Обликувањето на градбата е павилјонски и разумно, со расчленети волумени кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го зазема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Фасадната обработка е од фасадна црвена цигла со малтерисана структура. За покрив, архитектот Балабанов го одбрал лимот, покривка која му дава друг однос и пристап со околината со воглавно покривни од ќерамиди.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
  2. 2,0 2,1 Мартин Ефремовски (18 февруари 2021). „Основно училиште „Св. Климент Охридски", Охрид / Балабанов“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 18 февруари 2021. Посетено на 11 мај 2024.