ОУ „Реџеп Вока“ - Шипковица
Основно училиште „Реџеп Вока“ (официјално: Основно општинско училиште „Реџеп Вока“ - Шипковица; скратено: ООУ „Реџеп Вока“) — централно основно училиште во тетовското село Шипковица, Општина Тетово.[1]
Реџеп Вока
| |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Тетово |
Наречено по: | Реџеп Вока |
Нас. место: | Шипковица |
Адреса: | с. Шипковица |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1945 |
Број на ученици: | 361 (2012/13) |
Настава на: | албански |
Контактни информации | |
Е-пошта | rexhep_voka@mail.net.mk |
Телефон | 044/364-416 |
Факс | 044/364-416 |
Училиштето е именувано по албанскиот духовник и училел Реџеп Вока.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во селото Шипковица, на самиот негов крај, на патот кон соседните села Бродец и Вешала.
Историја
уредиНаставата во училиштето започнала уште во 1917 година, додека официјално како основно училиште било основано во 1945 година од страна на Народниот одбор на Тетовската Околија.[2]
Во 1962 година кон училиштето било споено ОУ „Лирија“ од селото Бродец, а во 1970 година било споено и ОУ „Беса“ од селото Вешала, кое во 2000 година повторно било издвоено.[2]
Именувања
уредиНазивот на училиштето бил променет неколку пати и тоа:[2]
- од 1945 до 1950 бил „Баб Дуда“
- од 1950 до 1953 бил „Реџеп Вока“
- од 1953 до 1993 бил „Јета е Ре“
- од 1993 до денес повторно „Реџеп Вока“
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Реџеп Вока“ - Бродец, подрачно училиште.
Галерија
уреди-
Спортското игралиште
-
Поглед на училиштето
-
Бисти во дворот на училиштето
-
Поглед на училиштето
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-19.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Komuna e Tetoves - Општина Тетово - Municipality of Tetovo“. www.tetovo.gov.mk. Посетено на 2025-01-01.