Нуредин Реџеп Вока

Нуредин Реџеп Вока (алб. Nuredin Rexhep Voka; Шипковица, тетовско, 1847Истанбул, 1917) бил илуминист[1].

ЖивотописУреди

Вока е роден во тетовското село Шипковица во 1847 година. Основно училиште завршил во Тетово, медреса воПризрен, а дипломирал на Теолошкиот факултет во Истанбул, Турција. Објавил еден буквар на албански јазик и две читанки со турскоарапско писмо. Значајно е неговото дело „Мислења“ со филозофско-педагошка содржина. Во 1903 година од страна на турската администрациј е назначен за муфит во Битола[2].

Во негова чест училиштата во Шипковица (ОУ "Реџеп Вока " - Шипковица) и Бродец (ОУ "Реџеп Вока " - Бродец) го носат неговото име.

НаводиУреди

  1. Македонска енциклопедија. I (изд. прво.). Скопје: МАНУ. стр. 307. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. Avzi Mustafa, Figura mёsuesish shqiptarё, Tetovё,1995.

Надворешни врскиУреди