ОУ „Пере Тошев“ - Росоман
основно училиште во Македонија
За други значења на поимот, погл. ОУ „Пере Тошев“.
Основно училиште „Пере Тошев“ (официјално: Општинско основно училиште „Пере Тошев“ — Росоман; скратено: ООУ „Пере Тошев“) — централно основно училиште во тиквешкото село Росоман, Општина Росоман.[1]
Пере Тошев
| |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Росоман |
Наречено по: | Пере Тошев |
Нас. место: | Росоман |
Адреса: | ул. „Пере Тошев“, бр. 2, с. Росоман |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1972 |
Број на ученици: | 275 (2024/25) |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | peretosev.edu.mk/ |
Е-пошта | peretosev_rosoman@yahoo.com |
Телефон | 043/441-833 |
Факс | 043/441-833 |
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Пере Тошев.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Росоман.
Историја
уредиУчилиштето било изградено во 1972 година.[2]
Настава
уредиВо училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
уредиВо склоп на училиштето влегуваат следните подрачни училишта:[3]
- ПУ „Пере Тошев“ - Дебриште, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик (во мирување);
- ПУ „Пере Тошев“ - Камен Дол, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик (во мирување);
- ПУ „Пере Тошев“ - Манастирец, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Пере Тошев“ - Паликура, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Пере Тошев“ - Сирково, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Пере Тошев“ - Трстеник, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
уреди-
Влезот
-
Биста на Пере Тошев
-
Мал амфитеатар
-
Кошаркарско игралиште
-
Фудбалско игралиште
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-15.
- ↑ „Годишна програма за 2024/25“ (PDF). ОУ „Пере Тошев“ - Росоман. јули 2024. Посетено на 28 декември 2024.
- ↑ „Подрачни училишта“. Пере Тошев - Pere Tosev. Посетено на 2024-12-15.