ОУ „Милто Гура“ - Стрелци
Основно училиште „Милто Гура“ (официјално: Основно општинско училиште „Милто Гура“ - Стрелци; скратено: ООУ „Милто Гура“) — централно основно училиште во селото Стрелци. Училиштето се наоѓа во горниот дел на селото Стрелци.
Милто Гура | |
---|---|
Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Кичево |
Наречено по: | Милто Гура |
Нас. место: | Стрелци |
Адреса: | с. Стрелци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Директор: | Кујтим Касами |
Број на ученици: | 175 (2019/20) |
Настава на: | албански |
Контактни информации | |
Мреж. место | shfqmiltogurra.edu.mk |
Е-пошта | milto.gurra@yahoo.com |
Телефон | (045) 256-616 |
Факс | (045) 256-616 |
Денес, училиштето е именувано по албанскиот писател Милто Гура додека во минатото училиштето го носело името Маршал Тито.[1]
Местоположба
уредиОбјектот на централниот објект на училиштето се наоѓа во горниот дел на селото Стрелци.
Историја
уредиЦентралното училиште во Стрелци поседува објект од 1936 година, кој бил обновен во 2002 година со средства од швајцарската амбасада во Македонија, како и од самите жители на Стрелци и Гарани.[2]
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.[3]
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето спаѓаат:[2]
- ПУ „Милто Гура“ - Црвивци, деветтгодишно подрачно училиште; и
- ПУ „Милто Гура“ - Шутово, деветгодишно подрачно училиште.
Наводи
уреди- ↑ „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“ (PDF). Службен весник. Посетено на 2021-01-13.
- ↑ 2,0 2,1 „ГОДИШНА ПРОГРАМА За Учебната 2016/2017 година“ (PDF). Општина Кичево. Посетено на 2021-01-13.[мртва врска]
- ↑ „Во Кичево нема пари за нафта и струја за училиштата, ама има за плати за превработеноста со наставници и хаусмајстори“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2022-09-20. Посетено на 2021-01-13.
41°32′20.71″N 21°00′04.29″E / 41.5390861° СГШ; 21.0011917° ИГД