Службен весник на Македонија

Службен весник на Македонија е официјално гласило во кое се објавуваат законите и другите прописи и акти.

Во Службен весник се објавуваат:

  • Уставот на Република Северна Македонија, уставен закон, уставните амандмани, законите, другите прописи и акти на Собранието;
  • Меѓународните договори ратификувани согласно со Уставот на Република Северна Македонија;
  • Други меѓународни договори и меѓународните акти за кои тоа е утврдено со закон или друг пропис, односно за кои ќе одлучи Владата;
  • Указите, одлуките и другите акти на претседателот на Република Северна Македонија;
  • Уредбите, одлуките и другите акти на Владата;
  • Подзаконските и другите акти кои ги донесуваат министрите или министерствата, акти на функционерите кои раководат со други органи на државната управа, актите на организациите утврдени со закон, агенциите, дирекциите или други правни лица кои целосно се финансираат од Буџетот на Република Северна Македонија;
  • Одлуките, решенијата и другите акти на Уставниот суд на Република Северна Македонија;
  • Акти на Судскиот совет на Република Северна Македонија, другите судски органи, Советот на јавните обвинители и на други органи кога тоа е определено со закон;
  • Општите и гранските колективни договори;
  • Актите на регулаторните органи, на Народната Банка на Република Северна Македонија, на фондовите, заводите, агенциите и на други правни лица и субјекти (совети, комисии и слично), донесени во извршување на јавните овластувања;
  • Прописите и другите акти на локалната самоуправа за кои тоа е утврдено со закон или со нивните статути;
  • Колективни договори на ниво на работодавач;
  • Исправките на законите, другите прописии другите акти објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“;
  • Декларациите, заедничките позиции и демаршите на Европската Унија кон кои се придружува/прифаќа Република Северна Македонија на покана на Европската Унија;
  • Резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации со кои се воведува, изменува или укинува режим на санкции против држави, ентитети или поединци.

Надворешни врски уреди