ОУ „Климент Охридски“ - Миравци

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Климент Охридски“ - Миравци; скратено: ООУ „Климент Охридски“) — централно основно училиште во селото Миравци.[1]

Климент Охридски

Влезот во училиштето
Влезот во училиштето
Место
Општина: Општина Гевгелија
Наречено по: Климент Охридски
Нас. место: Миравци
Адреса: с. Миравци
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 142
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место ooukliment.edu.mk/index.html
Е-пошта oumiravciepiskop@yahoo.com

Училиштето е именувано по светецот Климент Охридски.

Историја уреди

Првото училиште било отворено во 1884 година, а прв учител бил Глигор Божинов. Наставата била организирана во самите куќи, како и во црквата. На подрачјето на селото биле пронајдени букварките „Алфивитарии“ на Кирил Пејчиновиќ, како и неговите „Огледало“ и „Евангелие“.

Во 1925 година, со голема помош на рускиот учител Трофим Сахненко, била изградена училишната зграда во која се изведувала настава до 1996 година, кога била подигната новата училишна зграда.

Настава уреди

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[1]

Подрачни училишта уреди

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „За нас“. ОУ „Климент Охридски“. Посетено на 6 октомври 2021.

41°18′38″N 22°26′13″E / 41.31056° СГШ; 22.43694° ИГД / 41.31056; 22.43694