ОУ „Јоаким Крчовски“ - Крива Паланка

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Јоаким Крчовски“ (официјално: Основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ — Крива Паланка; скратено: ООУ „Јоаким Крчовски“) — едно од двете основни училишта во градот Крива Паланка.[1]

Јоаким Крчовски

Поглед на основното училиште „Јоаким Крчовски“
Поглед на основното училиште „Јоаким Крчовски“
Место
Општина: Општина Крива Паланка
Наречено по: Јоаким Крчовски
Нас. место: Крива Паланка
Адреса: ул. „Св. Јоаким Осоговски“ бр. 139
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1945
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место ooujoakimkrchovski.home.blog/
Е-пошта oujoakimkrcovski@yahoo.com
Телефон 031/375-132

Училиштето е именувано по првиот македонски просветител Јоаким Крчовски.

Историја уреди

Училиштето започнало со работа во 1945 година, кога било основано како Неполна гимназија. Во 1953 година станало осумгодишно училиште „Јоаким Крчовски“, а како прв директор бил поставен Левко Арсов.

Организација уреди

Настава уреди

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик. Наставата се изведува во 12 училишни објекти, од кои 3 во градот и 9 во селата. Во подрачните училишта работат и комбинирани паралелки, поради малиот број на ученици.[2]

Подрачни училишта уреди

Во рамките на општинското основно училиште „Јоаким Крчовски“ се наоѓаат и девет подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во градот Крива Паланка. Овие училишта се:

  1. Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Дурачка Река
  2. Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Станци
  3. Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Луке
  4. Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Огут
  5. Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Нерав
  6. Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Подржи Коњ
  7. Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Добровница
  8. Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Узем
  9. Подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“ во село Жидилово

Наводи уреди

  1. „Основно образование“. македонски: Општина Крива Паланка. Посетено на 24 мај 2019.
  2. „ЗА НАС“. ООУ ЈОАКИМ КРЧОВСКИ КРИВА ПАЛАНКА (англиски). 2019-03-12. Посетено на 2019-05-24.

Надворешни врски уреди

42°12′12″N 22°20′3″E / 42.20333° СГШ; 22.33417° ИГД / 42.20333; 22.33417