Ноќни волци
Ноќни волци (руски: Ночные Волки — руски мото клуб.[2]
Ночные Волки Nochnye Volki | |
Податотека:Night Wolves logo.jpg | |
Основана | 1989 |
---|---|
Вид | Мото клуб |
Место | Русија и други бивши советски територии |
Членство | Околу 11000 членови низ цел свет[1] |
Александар Залдостанов (наречен ‘Хирургот’)[1] | |
Мреж. место | nwrussia.info |
Историја
уредиКлубот бил формиран од мешавина на обожаватели на рок-музика и мотоциклисти ентузијасти кои одржувале во тоа време нелегални рок-концерти во Москва, во 1983 година. Од 1989 година, клубот бил консолидиран како неформална група на моторџии со име „Ноќни Волци“, за време на Перестројката во Советскиот Сојуз. Така, станал првиот официјален клуб на моторџии во СССР. На почетокот на 2018 година, Ноќни волци имаат ограноци во Русија, Украина, Летонија, Германија, Бугарија, Романија, Србија, Австралија, Словачка, Белорусија, Филипини, Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора, Чешка и Македонија. Александар Залдостанов (познат како Хирургот) станал водач на клубот во 1989 година.
Клубот води повеќе рок клубови и организира многу рок-концерти во Русија. Исто така, води неколку салони за тетовирање и е еден од основачите на годишната Меѓународна московска конвенција на тетоважа. Во 1995 година, тие започнале со облека, "Wolf Wear," и формирале сопствена подружница, „Волк инженеринг“. Тука се собрале механичари и ентузијасти моторџии од цела Русија, кои водат неколку продавници за поправка на мотори, продавници, и го создале мотоциклот „Волк-Урал“ заедно со производителот ИМЗ-Урал. Вообичаено возат Харли-Дејвидсон. Друга нивна подружница е тркачкиот тим „Волк Трки“ која била формирана во 2001 година, и која учествува и организира разни настани во Русија.
Членство
уредиСпоред некои членови на Ноќните волци, потенцијалниот член мора да биде машко, од поранешна советска држава, поканет од страна на член, и мора да учествува во клупските настани во текот на две години пред да стане член.
Ноќните волци тврдат дека не вршат дискриминација врз верска основа. Ноќните волци се отворено хомофобични, и не дозволуваат геј мажи да се приклучат на клубот. За жени, исто така, не е дозволено членство.
Ноќните волци имаат над 11000 членови.
Постојат Ноќни волци во Македонија.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Alsop, Harry (March 2, 2014). „Meet the Night Wolves – Putin's Hell's Angels“. The Telegraph. London. Посетено на March 4, 2014.
- ↑ Romriell, Lucas (January 2003). „The Wolfmen“. Cycle World: 90–91.
- ↑ „NIGHT WOLVES MG -Moto Club Macedonia“. Архивирано од изворникот на 2018-05-31. Посетено на 23 May 2018.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница (руски)