Носталгија (филм од 1983)
Носталгија (италијански: Nostalghia) - советско-италијански филм од 1983 година во режија на Андреј Тарковски. Автори на сценариото се Андреј Тарковски и Тонино Гвера. Главните улоги ги толкуваат: Олег Јанковски, Домицијана Џордано и Ерланд Јозефсон. Централна тема на филмот е носталгијата, осаменоста и културните и уметничките разлики меѓу народите. За овој филм, Тарковски ги освоил наградата на Екуменското жири, наградата за најдобар режиср и наградата FIPRESCI на Канскиот филмски фестивал во 1983 година, а исто така, со Робер Бресон ја поделил посебната награда на жирито. Притоа, советската власт успеала да го спречат филмот да ја освои „Златната палма“, а поради тоа, Тарковски одлучил никогаш повеќе да не снима во СССР.[1]
Содржина
уредиРускиот поет Андреј (го игра Јанковски) доаѓа во Италија истражувајќи го животот на еден руски композитор од XVIII век, а нему му помага една преведувачка (ја игра Џордано).[2] Тие се сместуваат во позната бања, каде го запознаваат чудниот човек Доменико (го игра Јозефсон), кој своевременого држел своето семејство затворено во текот на седум години поради што бил затворен во лудница. Доменико има желба да помине преку базенот со запалена свеќа, но гостите во бањата не му дозволуваат, плашејќи се дека тој сака да се удави. Поради тоа, Доменико го запознава Андреј да го направи тоа. Додека престојува во хотелот, Андреј чувствува носталгија за својот дом и за семејството. Иако тој ѝ се допаѓа на преведувачката, таа го напушта и заминува во Рим. Последниот ден, Андреј се подготвува да се врати дома, но преведувачката му се јавува по телефон и го известува дека Доменико е во Рим, каде држи говор пред протестантите. Тогаш, Андреј се враќа во бањата каде, по неколку неуспешни обиди, успева да помине преку базенот со запалена свеќа. Меѓутоа, тогаш тој страда од срцев удар. Во меѓувреме, во Рим, по одржаниот говор, Доменико се самозапалува.