Номојските Острови или познати како Мортлокови Острови се група од три атоли во сојузната држава Чук во Микронезија. Атолите се наоѓаат на околу 250 км југоисточно од Чук.[1]

Сателитска снимка на Номојските Острови.
Карта на островите Чук.

Најголем атол е Сатаван кој се наоѓа во јужниот дел. Етал[2] и Лукунор[3] се помали. Островите се оддалечени меѓу себе 9 до 6 км.

Капетан Џејмс Мортлок ги открил островите на 19 и 27 ноември 1795 година. Поради тоа островите биле именувани како Мортлокови Острови.[4] Ова име било погрешно употребувани за именување не само за Номојските Острови, туку и за Горните Мортлокови Острови и Источните Острови, кои ги опфаќаат островите Лосап, Нама и Намолук.

Наводи

уреди
  1. „Oceandots - Satawan“. Архивирано од изворникот на 2010-12-23. Посетено на 2012-04-02.
  2. Oceandots - Etal
  3. „Oceandots - Lukunor“. Архивирано од изворникот на 2010-12-23. Посетено на 2012-04-02.
  4. The tale of the discovery of the two sets of “Mortlock Islands” Mariner’s Mirror, Journal of the Society for Nautical Research, May 2002

5°29′30″N 153°37′30″E / 5.49167° СГШ; 153.62500° ИГД / 5.49167; 153.62500

Поврзано

уреди