Перуновата стрела
„Перуновата стрела“ - кратка книга од областа на словенската митологија напишана од Нина Анастасова - Шкрињариќ, и претставува задолжителна лектира за седмо одделение. Издадена е во 2019 година.
Автор | Нина Анастасова- Шкрињариќ |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | книга од областа на митологијата |
Издадена | 2017 |
Медиум | печатено издание |
Содржинa
уредиВо словенската митологија, светот е џиновски даб, а негови гранки се небото, стеблото-земјата, а корењата се подземниот свет. Перун е владетел на светот и седел на врвот, а на десното рамо имал орел. Велес бил владетел на подземниот свет. Велес му бил вечен непријател на Перун, му завидувал и љубоморел бидејќи овој владеел со небото и земјата, а тој бил во подземниот свет. Дошол во горниот свет во форма на змија и ја грабнал саканата на Перун, убавата Перперуна. Перун се разлутил и гневен на Велес стрелал со молњи во обид да го совлада. Велес исплашено бегал, се криел зад карпа, дрвја, меѓу луѓе, а Перун жестоко го удирал со вжештени стрели и со неговата волшебна најгромовита секира. Перун го совладал Велес кој морал да се врати длабоко во подземниот свет. Перун-Велес е една вечна спротиставеност меѓу небото и земјата, огнот и водата.
Во предговорот за изданието на оваа книга наведено е „ во словенската митологија (слично како и во нордиската), светот е претставен како џиновски даб, чии гранки се небото, стеблото - земјата, а корењата се подземниот свет. Перун седел на врвот, често претставен како орел. Во корењата живеел Велес, кој владеел со подземниот свет. Велес бил непријател на Перун и често доаѓал во горниот свет во форма на змија за да краде од него. Кога ќе дознаел, Перун го стрелал Велес со молњи во обид да го убие. Овој бегал на човечкиот свет и се криел зад дрвја, куќи или луѓе. Каде што ќе удрел гром, таму Велес се криел. На крајот Перун го убивал Велес, т.е. го враќал во подземниот свет, и овој таму бил прероден. Треба да се забележи дека борбата помеѓу Перун и Велес не е борба помеѓу доброто и злото карактеристична за христијанскиот Бог и ѓаволот, туку борба на спротиставени принципи, т.е. небо-земја и оган-вода. Словените не го претставувале Велес како зол лик. Напротив, тој бил исто толку важен и популарен колку и Перун. “[1]
Оваа кратка книга од областа на словенската митологија е задолжителна лектира за седмо одделение.
Изданија на книгата
уреди„Перуновата стрела“ е издадена во 2017 година.
- Перуновата стрела /громовитиот бој – како богот Перун го победи богот Велес/ (Табернакул: 2017)
- Лектирно издание од септември 2019 година како издание на издавачката куќа: „Дата Понс“. [2]
Наводи
уреди- ↑ https://test.kupikniga.mk/product/perunovata-strela/?lang=en
- ↑ Нина Анастасова Шкрињариќ, Перуновата стрела, Дата понс, Скопје, 2019.