Никола Живков
Никола Живков (бугарски: Никола Живков) е просветен деец од Бугарија, бугарски учител во Велес во време на турското ропство. Живков е учесник во македонското ослободително движење. Учествувал во Кресненското востание и бил командант на првата коњаница. Во почетокот на 1880 година во Русе заедно со Васил Дијамандиев и Иван Георгов учествувал и во основањето на Македонска лига. Во истата 1880 година во Русе започнал со објавување на весник "Македонец" (1880 - 1895), кој бил првиот весник во Бугарија, којшто по ослободувањето започнал да се занимава конкретно со македонските работи.
Никола Живков | ||
Роден | 1847 Велико Трново, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 28 август 1901 Варна, Бугарија |
Тој е и автор на Шуми Марица, државната химна на Бугарија од 1886 до 1944 г. Исто така е брат на политичарот Георги Живков (1844 - 1899) и на учителката Вела Благоева, жената на Димитар Благоев.