Шуми Марица е државна химна на Царството Бугарија од 1886 до 1944 г. Текстот на песната е напишан од Никола Живков, главен учител во Велес уште во турско време. По многу варијации, денес е зачувана последната редакциjа на Иван Вазов од 1912 г.

Шуми Марица
Картичка со мелодијата на Шуми Марица

Национална химна на Бугарија Царство Бугарија
ТекстНикола Живков, 1876
МузикаАлександар Космар, 1839
Усвоена1885
Укината1947
СледнаНаша Република, поздрав!

Текст

уреди

Бугарски

Шуми Марица
окървавена,
плаче вдовица
люто ранена.

Припев:
Марш, марш,
с генерала наш!
В бой да летим,
враг да победим!

Български чеда,
цял свят ни гледа.
Хай към победа
славна да вървим.

Припев

Левът балкански
в бой великански
с орди душмански
води ни крилат.

Припев

Млади и знойни,
в вихрите бойни.
Ний сме достойни
лаври да берем.

Припев

Ний сме народа,
за чест и свобода,
за мила рода
който знай да мре.

Припев

Македонски

Шуми Марица
окрвавена,
плаче вдовица
луто ранета.

Рефрен:
Марш, марш,
со генералот наш!
Во бој да летаме,
душман да победиме!

Бугарски чеда,
цел свет нѐ гледа.
Ајде кон победа
славна да одиме.

Рефрен

Лавот балкански
во бој великански
со орди душмански
нѐ води крилест.

Рефрен

Млади и врели,
во виорите бојни.
Ние сме достојни
ловор да береме.

Рефрен

Ние сме народот,
за чест и слобода,
за милиот род
којшто знае да умира.

Рефрен

Поврзано

уреди