Никола Бакулевски

политичар

Никола Бакулевски (Битола, 27 ноември 1928 - Скопје, 2002) — политичар од Социјалистичка Република Македонија, претседател на Народниот одбор на градската општина Битола од 1962 до 1967 година.

Никола Бакулевски
Градоначалник на Општина Битола
На должноста
27 ноември 1962 – 23 мај 1967
Претходник Драган Захариевски
Наследник Мито Пејовски
Лични податоци
Роден(а) 27 ноември 1928
Битола, СХС
Починал(а) 2002
Скопје, Македонија
Партија СКЈ
Установа Правен факултет - Белград
Белградски универзитет
Професија правник

Животопис

уреди

Роден е на 27 ноември 1928 година во Битола. Основното образование го завршил во родниот град, а потоа гимназија во Скопје. Потоа студирал на Вишата управна школа во Земун, а образованието го завршил на Правниот факултет во Белград. Работи во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи како помошник правен советник. Подоцна бил судија во Републичкиот совет за прекршоци. Во периодот 1956-1960 година бил потпретседател на Народниот одбор на општина Битола, заменик министер за индустрија во Скопје и советник во царинската управа на СФРЈ во Белград (1961-1963). Извесен период бил и претседавач на собранието на општина Битола. Во периодот од 1967 до 1972 година бил секретар на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Од 1972 до 1975 година бил секретар на Собранието. Во периодот 1982-1986 година бил републички секретар за правда. Член е на Извршниот совет на СРМ. Од 1986 до 1988 година бил секретар во Уставниот суд на Македонија[1].

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 120. ISBN 978-608-203-023-4.
Политички функции
Претходник
Драган Захариевски
Градоначалник на Општина Битола
1962–1967
Наследник
Мито Пејовски