Николај Липкин
Николај Липкин (руски: Николай Николаевич Липкин, роден 20 мај 1985 во Касимов, Рјазањска област, Русија) — кануист-спринтер којшто се натпреварува од 2003.
Медали | ||
---|---|---|
Николај Липкин | ||
Кану спринт мажи
ИКФ Светски Кану Спринт Првенства | ||
2005 Загреб | C-2 200 m | |
2006 Шегед | C-1 200 m | |
2009 Дартмуд | C-1 4 x 200 m | |
2010 Познањ | C-1 4 x 200 m | |
2007 Дисбург | C-4 200 m | |
2009 Дартмуд | C-1 200 m | |
2009 Дартмуд | C-1 500 m | |
2009 Дартмуд | C-4 200 m | |
2009 Дартмуд | C-2 1000 m |
Во 2003 тој стана член на рускиот кану-спринт тим во дисциплината Ц-4 500 метри што освои јуниорските светски првенства во Комацку, Ишикава, Јапонија. Тој исто така има освоено и две поединечни (Ц-1) медали - сребро за Ц-1 500 метри и бронза за Ц-1 1000 метри. Потенцијалот на Липкин беше покажан на Европските Првенства до 23 години во Познањ, 2010, каде што го освои бронзениот медал во дисциплината Ц-1 500 метри иако поголемиот број од неговите соперници беа над 3 години помлади од него.
Откако тој продолжи со рапидниот прогрес, во 2005 тој стана првиот шампион од Комацу што освоил сениорско светско првенство. На само дваесет години, тој стана тим со Евгениј Игнатов со којшто освои прво место во финалето во дисциплината Ц-2 200 метри на 2005 ИКФ Светските Кану Спринт Шапионати во Загреб, Хрватска. Тие завршија први за само 0,024 секунди пред германците Кристијан Гиле и Томас Вајлензек.
По овие успеси, Липкин почна со транзиција на подолга дистанца Ц-1 500 метри на подготовките за ЛОИ 2008, каде што ја немаше дисциплината Ц-1 200 метри. Тој не се појави на 2006 Европските Сениорски Првенства, наместо, тој се натпреваруваше првенствата за натпреварувачи под 23 години во Шиниас, Грција, каде што освои две титули, како во Ц-1 500 метри така и во дисицплината Ц-2 500 метри (заедно со Илија Штокалов). На 2006 ИКФ Светските Кану Спринт Првенства, во Шегед, Унгарија, се врати дисциплината Ц-1 200 метри на која што Липкин стана поединечен Ц-1 шампион пред украинскиот веслач Валтентин Демјаненко. Липкин освои сребро во дисциплината Ц-4 200 метри на ИКФ Светските Кану Спринт Првенства во 2007 во Дисбург. Липкин исто така има освоено пет медали на ИКФ Светските Кану Спринт Првенства во 2009 и тоа:
- Злато - Ц-1 4 х 200 метри
- Сребро - Ц-1 200 метри, Ц-1 500 метри, Ц-4 200 метри
- Бронза - Ц-2 1000 метри
Најмногу од било кој натпреварувач во канадски стил на тие првенства. Тој исто така освои злато на ИКФ Светските Кану Спринт Првенства но само во дисциплината Ц-1 4 х 200 метри.
Липкин моментално живее во Броници, Москва (област) и е член на спортското друштво „Динамо Москва“. Висок е 190 см и тежи 91 килограм.
Наводи
уреди- Canoe09.ca profile Архивирано на 18 август 2009 г.
- ICF medalists for Olympic and World Championships - Part 1: flatwater (now sprint): 1936-2007. Архивирано на 5 јануари 2010 г.
- ICF medalists for Olympic and World Championships - Part 2: rest of flatwater (now sprint) and remaining canoeing disciplines: 1936-2007.Архивирано на 11 март 2016 г.
Оваа биографска статија за личност од Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |